Македонија
Две организации од Македонија наградени во Прагa
Проектите „Креативни умови создаваат работни можности“ на здружението општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и „Социјално партнерство во одговорно општество“ на Полио Плус се во 31 финалисти на Наградата за општествена интеграција која ЕРСТЕ Фондацијата
Проектите „Креативни умови создаваат работни можности“ на здружението општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и „Социјално партнерство во одговорно општество“ на Полио Плус се во 31 финалисти на Наградата за општествена интеграција која ЕРСТЕ Фондацијата веќе трет пат ја доделува на организации кои развиваат и спроведуваат проекти од областа на општествените интеграции. Во конкуренција за наградата, која свечено е доделена во Прага, учествуваа 132 проекти од 12 земји на централна и источна Европа (Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Косово, Словачка и Словенија). Проектот „Креативни умови создаваат работни можности“ им дава поддршка на младите невработени луѓе во Македонија, да ги подобрат своите IT вештини, да изнајдат повеќе можности за вработување, како и позитивно да се претстават и да ги презентираат своите можности пред работодавците. За оваа цел на располагање ја имаат општинската библиотека во Радовиш со сите средства и можности со кои располага.Проектот на Полио Плус „Социјално партнерство во одговорно општество“ го врти вниманието кон потребата од подобрување на законските регулативи со кои лицата со хендикеп би добиле ист третман и исти шанси како и сите во работењето и извршувањето на секојдневните обврски. Првата награда на ЕРСТЕ Фондацијата ја доби проектот од Хрватска „Центар за советување и засолниште на жени и деца жртви на насилство“. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

