Контакт

Економија

Британските богаташи уште побогати

Објавено пред

Британски The Sunday Times викендов ја објави својата традиционална листа на најбогати жители на Обединетото кралство за минатата година.

dobivaj vesti na viber

Богатството на 1.000 најбогати луѓе на Велика Британија нарассна за 4,7 отсто на 414,6 милијарди фунти(508 милијарди евра), и покрај зголемената стапка на невработеност и строгите буџетски резови на владата. Соборен е претходниот рекорд од 412,85 милијарди фунти.

Во земјата во 2011 година имало 77 милијардери, што е нов рекорд.

Индискиот магнат за челик Лакшми МИтал осма година по ред е на чело на пописот, иако вредноста на богатството му паднала за 27 отсто, на 12,7 милијарди фунти, заради пониските цени на акциите на Арчелор Митал.

Зад него е узбекистанскиот рударски магнат Алишер Усманов, кој има околу 30 отсто во компанијата на сопственикот на фудбалскиот клуб Арсенал.

Сопственикот на Челзи, Русинот Роман Абрамович е трет на листата со 9,5 милијарди фунти.

Најбогатиот милијардер од британско потекло е дури на четвртото место. Станува збор за Џералд Кавендиш Гросвенор, шести војвода од Вестминстер, со богатство проценето на 7,35 милијарди фунти.

Пописот на The Sunday Times, на кој се наоѓаат лица што живеат во Велика Британија, го зема предвид имотот како земјиште, недвижнини и удел во компании, но ги исклучува банкарските сметки. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,345 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 ден/кг и сега ќе изнесува 41,345 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,513%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,550% и кај мазутот зголемувањето е за 0,172%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 2,5506%.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Се работи на проекти во образованието вредни две милијарди денари

Објавено пред

Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Истовремено, ќе продолжи и инспекцискиот надзор на оние високообразовни институции, но и оние други образовни институции, што не ги исполнуваат стандардите. Ќе бидат опоменати. Доколку не преземат ништо во насока на исполнување на стандардите, ќе мора да бидат затворени“, рече премиерот.

Тој кажа дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.

„Реформата во образованието е навистина опсежна. Оваа година, нешто што не е за фалење, учениците ги добија книгите на 1 септември. Исто ќе биде и во следната година. Ние пред 10 – 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска сме среќни ако секое дете има учебник. Но, за жал, имавме цунами седум години што и тоа не можеше да го направи онаа влада на СДСМ и ДУИ, па оваа влада мора буквално сите тие елементарни работи да ги прави“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Перински во Студеничани: Инвестираме и во руралните средини – тие се еднакви по својата важност како и останатите

Објавено пред

Во скопската општина Студеничани денеска започна реконструкцијата на 6,5 км долгиот локален пат Драчево – Мотел Китка, проект финансиран од првиот владин повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти. На официјалниот почеток на градежните активности присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и Калтрина Зеколи Шаќири, заменик министер за транспорт.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Азем Садики, појасни дека станува збор за пат долг 6,42 км, кој се протега од селото Црвена Вода до мотел Китка, а проектот предвидува негова целосна реконструкција и обнова со неопходната инфраструктура.

„Многу сум среќен што Владата продолжува да ги помага општините, особено руралните. Овој пат е многу битен за нашата општина, затоа што не само што ќе придонесе за побрз, полесен и побезбеден транспорт за жителите во планинските села, туку ќе создаде услови за поттикнување и развој на туризмот и за инвестирање во скопската околина со оглед на близината и убавината на Китка“, истакна Садики.

Министерот Перински порача дека проектот е доказ за посветеноста на Владата да инвестира во подобрување на инфраструктурата во сите општини и региони.

„За оваа Влада не постојат заборавени општини, помагаме онаму каде што е најпотребно, а тоа се руралните средини со сите предизвици коишто ги имаат во дел на капиталните инвестиции. Радоста на мештаните којашто ја видовме денеска е доказ дека Владата трасира пат којшто се темели исклучиво на потребите на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме за да го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани на цела територија на Македонија“, истакна Перински, кој како дел од теренските посети „Каде што срцето е дома“, претходно со неговиот заменик, Селими, одржаа работна средба со градоначалникот, членовите на општинскиот Совет и претставници на администрацијата на која разговараа за актуелните состојби во општината.

Поддршка на сите општини и во периодот што следи најави и премиерот Мицкоски, кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти кои ќе значат поквалитетен, покомфорен и поубав живот, независно од политичката определба на градоначалниците.

„Немаме намера да заборавиме ниту едно место на целата територијата на Македонија, ќе инвестираме секаде. Тоа го правиме веќе девет месеци, покажуваме еден поинаков начин на функционирање на Влада. Ќе продолжиме така и во иднина, бидејќи граѓанинот, Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромот, Бошњакот, Влавот и сите останати, се центарот на нашето внимание и сите ние заедно ќе работиме за нивно подобро утре“, порача премиерот Мицкоски.

„Евидентна е разликата од начинот на функционирање на оваа Влада“, оцени првиот вицепремиер и министер за животна средина, Меџити.

Министерот за транспорт, Николоски, информираше дека во моментов во село Студеничани привршува и реконструкција на локален пат долг 840 метри, а во тек е тендерска постапка за изградба на нов пат во Моране, проекти со кои дополнително се дава поддршка за подобрување на инфраструктурата во оваа општина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија3 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија4 часа

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија6 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија6 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија6 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија7 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија8 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија8 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион9 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија10 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија11 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија12 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион13 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион13 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион13 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија21 час

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија21 час

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија23 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија24 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....