Свет
Чилеанец си го уби братот поради PlayStation
Шеснаесетгодишен Чилеанец обвинет е за убиство на својот постар брат и тоа поради кавга за играчката конзола од PlayStation, соопшти полцијата
Тинејџерот се налутил кога неговиот 18-годишен брат зел да игра PlayStation без негова дозвола, по што помалиот зел нож од кујната и му го забил на братот во гради.
Според полицијата, обвинетиот изјавил дека работите излегле од контрола. . За убиството младиот Чилеанец може да добие 5 години казна затвор, пренесува Би-Би-Си.
Истражниот судија рекол дека двајцата биле напуштени од мајка им и живееле во прифатен центар додека некоја Белгијка не го вдомила.
Таа, во моментот на убиството била на посета во Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 32 лица ја преживеаја авионската несреќа во Казахстан
Најмалку 32 лица ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти.
Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви.
Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер 190“ на пат од Баку кон Грозни, пишува „Гардијан“.
На видеата објавени на интернет се гледа моментот кога авионот удира во земјата и експлодира, како и повредени патници кои се обидуваат да излезат од неоштетениот дел од авионот.
Свет
Зеленски: Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди, како што рече, „нехуманиот“ напад со руски беспилотни летала на Божиќ.
„Секој масовен руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука“, рече тој.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија лансирала 78 проектили и 106 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени. Сепак, Зеленски изјави дека „прекини во снабдувањето со електрична енергија се забележани во неколку региони“.
„Целта е нашата енергетска инфраструктура. Тие сè уште се обидуваат да постигнат целосен мрак во Украина“, додаде тој.
Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Фејсбук објави дека операторот на системот за пренос ги презел „неопходните мерки за ограничување на потрошувачката за да се минимизираат негативните последици за енергетскиот систем“.
Осврнувајќи се на унгарскиот премиер Виктор Орбан, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата Х рече: „Овој божиќен терор е одговорот на Путин на оние кои зборуваа за илузорно „божиќно примирје“.
Во 2023 година, Украина го промени датумот на Божиќ од 7 јануари – датумот што го слави Руската православна црква – на 25 декември за да се дистанцира од руското религиозно и културно влијание.
„Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ“, заклучи Зеленски.
Свет
Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките
Папата Франциско денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.
Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Нека се замолчи звукот на оружјето во раузрнатата од војната Украина, рече Папата, повикувајќи на „гестови на дијалог и средба за да се постигне праведен и траен мир“.
Папата осврнувајќи се на конфликтот во Газа, повторно апелираше за прекин на огнот и ослободување на заложниците, нарекувајќи ја израелската воена кампања „сурова“. Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и повика на отворање на дијалог за доброто на мирот.