Спорт
Зандана за лажирање или нереди во Турција
Поттикнати од се почестите нереди на стадионите и прекини на мечеви на кои сме сведоци речиси во сите лиги, а и од сомнителните резултати на фудбалските мечеви кои минатата година се играа во Турција, Парламентот на оваа земја усвои законски измени
Поттикнати од се почестите нереди на стадионите и прекини на мечеви на кои сме сведоци речиси во сите лиги, а и од сомнителните резултати на фудбалските мечеви кои минатата година се играа во Турција, Парламентот на оваа земја усвои законски измени со кои казните за вакви дела се значително зголемени.Така за секој за кој ќе се докаже дека активно или пасивно??? бил вклучен во местење натпревари ќе биде казнет со затвор во траење од 5 до 12 години. За претседатели или функционери на клубови и спортски здруженија казната може да биде зголемена и за 50 проценти.За тие што ќе фрлаат факели или други предмети на стадионите или салите казната е од 3 месеци до година, а доколку заради тоа мечот биде прекинат казната е до 3 години. За расистички или религиозни навреди минималната казна е 6 месеци. Евидентираните хулигани пред секој меч на својот тим ќе мора сами да се пријават во полициска станица.Најголем инцидент во Турција се случи во 2000 година кога со нож до смрт беа избодени двајца Англичани навивачи на Лидс. /крај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз го презеде бројот 1 од Синер, Ѓоковиќ се врати на четвртото место
Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции.
Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс.
Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на Завршниот мастерс, кој вчера започна во Торино, ќе биде број е на крајот од годината, дури и доколку Синер го освои турнирот без пораз.
Алкараз и Синер се далеку пред конкурентите, имаа 5.000 поени повеќе од Алкесандар Зверев на третото место.
Ѓоковиќ, во саботата победи во Атина на турнирот од серијата 250. Србинот стана најстариот победник на АТП турнир и се искачи на четвртото место. Инаку, Ѓоковиќ, поради повреда го откажа настапот на Завршниот мастерс.
Зад него е Бен Шелтон, кој го бележи најдобриот пласман во кариерата. Две места назадуваше Тејлор Фриц, тој се наоѓа на шестата позиција.
Следуваат Австралиецот Алекс де Минор, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Мусети и Британецот Џек Дрејпер, кој е 10-ти на листата на најдобри играчи во светот.
Спорт
Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата
Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити.
„Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку.
Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше нивниот четврти последователен пораз на гостински терен во лигата, што не им се случило од 2012 година.
„Не можете да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Сити ме потсети на стариот Манчестер Сити. Тие беа извонредни. Се вратија во трката за титулата“, рече Кин во анализата за „Скај Спортс“.
„Ливерпул е во криза. Во ред е да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок натпревар на гостински терен. Но, да се изгубат седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, тоа мора да е криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.
Тренерот рече дека е задоволен од второто полувреме, кога натпреварот беше решен. Лесно е да се игра добро кога играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички подобар и физички помоќен од Ливерпул. Немаше интензитет и енергија во играта на ливерпул. Замените беа слаби.“
Спорт
Барселона го отпушти Пењароа
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.
Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.
Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.
„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.

