Свет
Во Јемен убиени шест демонстранти
Припадниците на безбедносните сили на Јемен ги нападнаа учесниците на новите демонстрации во главниот град Сана’а, при што загинаа најмалку шест лица, јавува Press TV.
Припадниците на безбедносните сили на Јемен ги нападнаа учесниците на новите демонстрации во главниот град Сана’а, при што загинаа најмалку шест лица, јавува Press TV.Како што јавува дописникот на телевизијата, јеменските безбедносни сили употребиле огнено оружје против демонстрантите кои денеска мирно протестирале на Плоштадот на слободата во главниот град.Претходно во неделата, најмалку 35 лица загинаа а повеќе од 700 беа повредени во нападот врз демонстрантите во Сана’а, кога безбедносните сили отворија оган врз десетици илјади луѓе кои бараа заминување од власта на режимот на претедателот Али Абдула Салех.Крвопролевањето во неделата беше најкрвавиот инцидент од почетокот на демонстрации во Јемен кон крајот на јануари.Масовни протести против актуелната власт во Јемен се одржуваат и во другите големи градови, како Таиз, Са’ада, Иб и Дамар..Претседателот Салех, кој во Саудиска Арабаија закрепнуваше по нападот врз претседателската палата, во неделата изјави дека тој нема да поднесе оставка до одржувањето на претседателските избори на кои ќе се избира неговиот наследник.Во говорот во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева, во понеделникот јеменскиот министер за надворешни работи Абдула ал-Абубакр Ќириби рече дека ќе се испитаат околностите за инцидентот во неделата.„Владата ќе ги испита и ќе ги повика на одговорност сите одговорни за овие инциденти“, рече Ќириби.Планот на Совет за соработка на арапските држави од Заливот предвидува мирно решавање на внатрешниот политички конфликт во Јемен, што треба да се обезбеди со повлекување на претседателот Салех од власта во рок од 30 дена по формирањето на влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да запре со демонстрациите. Иако Салех во принцип не го одбива планот на Советот, претходно трипати под различни изговори, одби да ја потпише оваа мировна иницијатива.На 3-ти јуни врз претседателот Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата во престолнината Сана’а. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Јеменската опозицијата соопшти на 25-ти јули дека нема да влезе во никакви преговори со владата, доколку Салех не го потпише договорот за предавање на власта во рамките на мировната иницијатива на Советот на Заливот.Масовни антивладини протести започна во Јемен во почетокот на февруари а од средината на март станаа поорганизирани. Демонстрантите бараат реформи и оставка на сегашниот претседател Салех, кој е на власт 33 години. Јеменски безбедносни сили користат оружје за да ги растурат протестите, а според западните медиуми во текот на немири во земјата загинаа неколку стотици луѓе./крај/птв/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос

