Свет
Хеликоптер на НАТО се урна во Јужен Авганистан
Хеликоптер на НАТО се урна во јужниот дел на Авганистан, соопштија силите на НАТО.
Хеликоптер на НАТО се урна во јужниот дел на Авганистан, соопштија силите на НАТО.
„Тоа е несреќа“ изјави портпаролот на меѓународните сили за безбедност (ИСАФ). До сега причината за инцидентот не е позната.
Хеликоптерот паднал во близина на градот Калат, административна престолнина на авганистанската провинција Забол, но се уште не е познато ниту времето на несреќата, ниту видот на леталото.
Според последните информации, хеликоптерот се срушил поради технички причини. Ова е втор ваков случај во последната недела, откако турски хеликоптер се урна во јужната провинција Вардак пред шест дена, кога беа ранети четворица војници. /крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус
Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.
Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.
Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.
Свет
Обвинителството отворило предмет за незаконско следење на Мицкоски од безбедносните служби
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година.
-Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.
Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија, велат од Обвинителството.
Свет
Силен земјотрес ги погоди Курилските острови
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск, во копнениот дел на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.