Здравје
Научниците создале апче за СИДА-та
Француските научниците објавила дека создале препарат способен за 90 отсто да го намали ризикот од инфекција со ХИВ, а земањето на ова лекарство ора да биде непосредно во време на сексуалниот однос, пишува весникот The Independent.
Препаратот бил тестиран на луѓе од ризичните групи. Пронајдокот веќе го нарекуваат „најголемиот напредок во борбата со инфекцијата со ХИВ вирусот“, а самите научници велат дека им пошло од рака да постигнат „значително намалување“ на ризикот од заразување.Од своја страна, фондациите за борба против СИДА-та веќе побараа универзално да се применува принципот „профилакса пред контактот“(pre-exposure prophylaxis – PrEP), истакнувајќи дека тој ја докажал својата ефикасност во САД. Доколку таквите апчиња се употребуваат секојдневно, тоа може значително да ги намали трошоците за здравствената заштита во сферата на превенцијата на вирусот на имунолошкиот недостиг.Портпаролот на Американската фондација за СИДА, Јусеф Азад, изјавил дека „резултатите од испитувањата на препаратот покажале очигледна ефикасност при PrEP“.Се смета дека вкупно во светот има 34 милиони луѓе кои се носители на ХИВ вирусот. Најголемиот број од инфицираните се во Етиопија, Нигерија, Замбија, Јужноафриканската Република и Зимбабве. Потоа следуваат земјите во Латинска Америка, па оние од Централна и од Јужна Азија./крај/мф/сн
Извор: The Independent
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг
Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно.
Имено, на 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.
Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.
Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.
По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.
Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.
Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.
Забава
Важно е да прифатите неколку навики ако сакате бргу да изгубите тежина
Метаболизмот одредува колку ефикасно вашето тело согорува калории за енергија, а малите промени во вашата дневна рутина може да направат голема разлика.
Од додавање одредена храна во вашата исхрана до одржување активност, постојат едноставни методи кои може да помогнат во забрзување на вашиот метаболизам. Тренерот и нутриционист Леа Домбровски препорачува ефективни промени, кои е важно да се воведат.
Доволната количина храна го подобрува метаболизмот бидејќи обезбедува телото да има посебна енергија за оптимално функционирање. Кога примате точен број калории, особено од храна богата со хранливи материи, телото избегнува да премине во режим на гладување.
„Главниот виновник за бавниот метаболизам е недоволното внесување храна. На вашето тело му треба гориво за да функционира правилно. Добивањето доволно храна приспособена на вашите потреби е клучно за губење на тежината и за целокупното здравје”, изјави Домбровски за SheFinds.
Секој килограм мускул согорува од шест до десет калории дневно, а мастите согоруваат само две-три калории.
„Тренингот со сила ја менува играта. Кревањето тегови од три до петпати неделно не само што помага во обликувањето на телото туку и го забрзува метаболизмот. Мускулите согоруваат повеќе калории, дури и во мирување“, тврди Домбровски.
Активностите, како одењето, качувањето по скали и истегнувањето, придонесуваат за енергијата што ја согорувате во сè, освен во спиењето и класичното вежбање.
Здравје
Африканските земји погодени од епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници се уште чекаат вакцини
Ниту една од африканските земји погодени од актуелната епидемија на новиот вид на вирусот mpox, порано познат како мајмунски сипаници, сè уште не примила ниту една од ветените вакцини, пишува денеска Гардијан, пренесува Танјуг.
Најпогодена од епидемијата на новиот вид клад 1б е Демократска Република Конго, каде од почетокот на годината починале 629 лица, а пријавени се 18.000 случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Новиот вид е регистриран и во Бурунди, Уганда, Руанда, Кенија, Шведска и Тајланд.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека првите дози на вакцини треба да пристигнат во Конго за неколку дена, но слични ветувања за донации на вакцини од САД не се реализираа на време.
Кога станува збор за донациите, немаше координирана акција, со тоа што Шпанија вети 500.000 дози, додека Германија и Франција ветија по 100.000, а САД соопштија дека ќе донираат 50.000 дози.
Досега, сепак, ниту едно од тие ветувања не е исполнето.