Македонија
ЕП: Забелешките за Македонија остануваат
Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент ја заврши расправата за извештајот за напредокот на Македонија кон Унијата. Политичките проблеми, спорот за името и притисокот врз медиумите беа темите кои доминираа на расправата., јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент ја заврши расправата за извештајот за напредокот на Македонија кон Унијата. Политичките проблеми, спорот за името и притисокот врз медиумите беа темите кои доминираа на расправата., јавува Дојче Веле на македонски јазик. Извештајот на известувачот Зоран Талер ќе претрпи одредени измени, но во него остануваат клучните забелешки за состојбите во Македонија, како и препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Членовите на Комисијата за надворешна политика денеска во Брисел дебатираа за содржината на извештајот и се договорија стотината поднесени амандмани да ги преточат во вкупно 14, кои нема суштински да ја променат неговата основна поента.Остануваат забелешките за недостаток на политички дијалог, загрозена медиумска слобода, политичко влијание врз судството, политизирана јавна администрација.Според словачкиот парламентарец Едуард Кукан, на земјата покрај критиките и треба и охрабрување. „Доколку оваа ситуација продолжи ќе резултира со уште поголема фрустрација и тензии во земјата. Задоволен сум што во извештајот се повикува на почеток на преговорите за членство, но сепак, остануваат многу проблеми кои треба да се отстранат во овој процес. Претстојните вонредни избори ќе бидат важен тест за земјата. Очекуваме да видиме напредок во областа на јавната администрација, судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата. Се надевам и дека спорот за името ќе биде наскоро решен“, рече Кукан, кој е поранешниот шеф на словачката дипломатија.Спорот за името како клучен проблем го потенцираа тројца грчки европратеници, кои ја обвинија Македонија дека го блокира решението.Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски реплицираше дека Грција е таа која во последните години ги одбива предлозите за решение и поставува нови услови. „Македонската влада ќе продолжи да бара компромисно решение за спорот за името, затоа што е во наш интерес да се најде решение што е можно побрзо“, рече Наумовски.Германскиот европратеник Александер Грoф Ламбсдорф ја оцени како неприфатлива позицијата на Грција во спорот, но изрази загриженост и поради споредбите на битолскиот градоначалник на политиката на ЕУ кон Македонија со холокаустот. Повеќемина пратеници го осудија бојкотот на опозицијата на парламентот. Наумовски пак рече дека на вчерашниот состанок на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Црвенковски власта прифатила повеќе од 30 барања на опозицијата во врска со изборите и најави дека тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни.Во однос на слободата на медиумите во земјата, Наумовски тврдеше дека во изминатите години во Македонија биле формирани многу нови медиуми, а случајот А1 го окарактеризира како пример за неплаќање данок. „Во Македонија како и во сите други земји сите правни субјекти имаат обврска да плаќаат данок. Управата за приходи во последните 5 години изврши контроли во повеќе од 90 медиуми. Во неколку случаи беа изречени казни, една национална телевизија беше казнета со 300, а друга со 200 илјади евра. Според податоците, А1 должи 9 милиони евра за неплатени даноци во последните 5 години“, рече Наумовски. Тој ги отфрли и критиките на пратениците за односот на Владата во Скопје кон поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, оценувајќи оти тој бил испратен со највисоки почести, како ниту друг амбасадор пред него. /крај/dw/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

