Македонија
ОМД:Извештајот на МКГ е пристрасен и треба да се повлече
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја повика Меѓународна кризна група (МКГ) да го повлече својот најнов извештај за Македонија.
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја повика Меѓународна кризна група (МКГ) да го повлече својот најнов извештај за Македонија.„Во извештајот нема кредибилитет поради својата бесрамна пристрасност – потврдена од своја страна за своите симпатизерски потреби, селективното и погрешно претставување на информации и недоследноста на своите позиции утврдени во претходните извештаи на МКГ“, се вели во реакцијата на ОМД.“Огромно мнозинство во светот – преку 130 земји, вклучувајќи ги и САД, Обединетото Кралство, Кина, Русија и Канада -. веќе ја признаа Република Македонија под нејзиното едно и единствено име. Сепак некои меѓународни тинк танкови (think tanks) како МКГ одбиваат да ја прифатат реалноста. Тие исто така, се прават слепи на многу несовесните провокации на Грција и за злоделата во изминатите години “, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски, коментирајќи ја препораката во извештајот на МКГ, земјата да го смени уставното име и да прифати географска одредница.За Стојан Николов, претседавач на Бордот на ОМД, извештајот на МКГ за 2011 е целосно спротивен на извештајот од 2001 година.„Во извештајот на МКГ од 2001 година само се повикува на билатерален договор меѓу Скопје и Атина врз основа на терминот Република Македонија. Оригиналниот извештај од 2001 година е далеку од совршен, всушност оваа нова верзија јасно ја става непристрасноста на МКГ и легитимитетот во прашање,“ изјави Николов.Директорот на канадските врски на ОМД ,Џим Даикос, се осврнува на правата на малцинствата во регионот.“Македонија отсекогаш била лидер во знак на поддршка на правата на малцинствата во регионот. Македонците во Грција ќе слават по улици, ако ги имаат само половина од привилегиите кои ги уживаат малцинствата во Македонија, дури и пред Охридскиот Рамковен Договор“, изјави Даикос. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

