Спорт
Докузовски: Амбициозно гледам на продолжението на шампионатот
Вечерва по завршувањето на 5-то коло од фазата по групи на Европското првенство во кошарка што се игра во Литванија, познати се составите на двете групи во кои репрезентациите ќе се натпреваруваат во другиот круг од шампионатот.
По почетниот пораз од Црна Гора и четирите победи над Хрватска, Грција, Финска и вечерва над Босна и Херцеговина во Групата Ц, кошаркарската репрезентација на Македонија, заедно од Франција и Русија е единствените три селекции од вкупно 12-те коишто ќе разигруваат во групите Е и Ф, кои влегуваат со максимални четири бодови. „Иако можеше да се почувствува умор кај играчите на двете екипи, сметам дека одигравме добар натпревар, кој беше решен пред се поради нашата добра одбрана. Не сакам прерано да размислуваме како до пласман меѓу најдобрите, планот останува да одиме од натпревар во натпревар како што правевме досега. Сметам дека играме одлична кошарка, дека состојбата на тимот е на многу високо ниво и поради тоа, амбициозно гледам на продолжението на првенството. Тука нема слаби екипи, па како до сега, така и понатаму, максимумот мораме да го даваме на секоја средба“,„рече селекторот Марин Докузовски по натпреварот за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија. Вечерва во Алитус, против Босна и Херцеговина,македонските кошаркари во првото полувреме играа за со помала концентрација во нападот, што придонесе и покрај изедначениот тек на мечот, босанците да го добијат првиот дел со три поена разлика (38:35) Но во второто полувреме, особено по почетокот четвртата четвртина кога Македонија ја направи серијата од 14:0, очигледно беше дека кошаркарите се решени да не ја испуштат неверојатната можност пред светската кошаркарска јавноста да се претстават со индивидуалните способности кои ги сплотија во дициплонирана колективна игра. Победата против БиХ е зивојувана најмногу благодарение на добрата игра во одбраната и во скоковите под обрачите, при што беше запрен клучниот тандем на противникот, Домеркант и Телетовиќ, кои вкупно постигнаа само 13 поени.Лестер Мекејлеб со 22 поени беше најпрецизен кај Македонија, Перо Антиќ постигна 15 поени а повторно беше расположен за скокови (14 скокови од кои 4 офанзивни), Тодор Гечевски постигна 13, а Владо Илиевски и Ѓорѓи Чековски постигнаа по седум кошеви. Војдан Стојановски имаше забележителна игра во одбраната, а првпат на шампионатот во дресот на Македонија се појави Димитар Мираковски.Македонија како водечка е вброена во новоформираната Група Ф, којашто се формира со вкрстување на групите Ц и Д, а зад неа следи Русија до исто така четири бодови, кои ги пренесуваат бидејќи во групата се пласираа и Грција и Финска кои ги совладавме. Во нашата група се уште и Словенија и Грција со по 3 бода, а Грузија и Финска стартуваат во втората фаза со по два бода. Првиот меч во Вилнус, Македонија ќе го има во четврток на 8-ми септември против Грузија, и според пресметките тоа е одлична шанса со уште една победа да се направи исчекор во следната нокаут рунда на шампионатот. Грузија вечерва беше поразена од Бугарија со резултат 69:79. Во првото коло од Групата Ф истиот ден ќе се одиграат и натпреварите меѓу Словенија и Грција и Финска и Русија. Второто коло се игра на 10-ти септември и се среќаваат Македонија – Словенија, Грузија -Финска и Русија – Грција. На 12-ти септември ќе се одигра третото коло во кое двојките ги сочинуваат Македонија – Русија, Грција – Грузија и Словенија – Финска. Во Групата Е, којашто се чини е далеку поинтересна барем судејќи според титулите што ги имаат освојувано репрезентациите што ја сочинуваат, Франција стартува со максималните 4 бодови,додека Србија, Шпанија, Турција и Литванија имаат по 3 а Германија има 2 бода. Оваа група ќе стартува со мечевите во среда на 7-ми септември меѓу Германија – Шпанја, Србија – Литванија и Турција – Франција. Второ коло се игра на 9-ти септември и на распоредот се мечевите Шпанија – Србија, Германија – Турција и Литванија – Франција. Третото коло на 11-ти септември ги донесува мечевите Франција – Шпанија, Литванија – Германија и Србија – Турција./крај/макфакс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

