Спорт
Саинз го зголеми водството со победата во десеттата етапа
Со победата во десеттата етапа која се возеше од Ла Серена до Сантијаго во Чиле со вкупна должина од 586 км,го зголеми водството во генералниот пласман во категоријата автомобили
Со победата во десеттата етапа која се возеше од Ла Серена до Сантијаго во Чиле со вкупна должина од 586 км,го зголеми водството во генералниот пласман во категоријата автомобили.
Саинз ја заврши етапата за 3 часа 1 минута и 5 секунди, пред Стефан Петерхансел и Марк Милер.Хуан Мануел Короминас беше најбрз во десеттата етапа со време од 3 часа 33 минути и 16 секунди во категоријата мотори на четири тркала пред дуото Маркос и Алесандро Патронели.
Марк Кома во категоријата мотори на две тркала стигна до својата четврта вкупна етапна победа но сеуште има големо заостанување зад Деспре во генералниот пласман. Кома стигна до целта со време од 3 часа, 10 минути и 43 секунди додека пак трката на второто место ја заврши Давид Фретиње а трет беше Португалецот Хелдер Родригез.
Лидерот во категоријата камиони Владимир Чагин по второто место во деветтата етапа, во десеттата повторно се врати на победничките патеки, и трката ја заврши со време од 3 часа, 44 минути и 23 секунди. Втор беше клупскиот колега Фирдаус Кабиров а трет Џосеф Адуа.
Единаесеттата етапа од релито ќе се вози Сантијаго до Сан Хуан и со тоа натпреварувачите повторно ќе навлезат во Арgентина, а ќе излезат од пустината Атакама.
Моторциклистот Лука Манка кој претрпе тешка повреда на главата е изваден од комата за да се провери церебралната едема која ја имаше по повредата. Лекарите соопштија дека едемата е речиси исчезната но сеуште е приклучен на респиратори, и повторно бил вратен во коматозна состојба во која ќе биде до крајот на неделата./крај/дак/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
Спорт
И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.
Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.
Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Извор и Фото/ mkd.basketball

