Македонија
СДСМ: Заедничката изјава сериозна дипломатска порака
СДСМ смета дека заедничката изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД преставува исклучително сериозна дипломатска порака за актуелните политички состојби во земјата
СДСМ смета дека заедничката изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД преставува исклучително сериозна дипломатска порака за актуелните политички состојби во земјата.
„Искрено се надеваме дека ова ќе влијае отрезнувачки на премиерот Груевски и ВМРО ДПМНЕ, кои наместо да организираат без причина маратонски партиски прослави од 50 дена, типични за тоталитарните режими, конечно вистински ќе се посветат на решавањето на отворените прашања и проблеми. Впрочем, за тоа ги плаќаат граѓаните од своите џебови.“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Пораката на клучните меѓународни фактори е многу јасна, смета опозициската СДСМ, додавајќи дека „очигледно е дека Република Македонија скршнува од курсот кој беше и треба да остане приоритет на сите Влади. Тоа е курсот на целосно интегрирање во ЕУ и НАТО, почитувањето на Охридскиот Рамковен Договор и постојано унапредување на политичкиот дијалог“.
СДСМ додава дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаат апсолутната власт а со тоа и целaта одговорност дали рационално и на вистински начин ќе го искористат времето и роковите дадени од највлијателните меѓународни фактори за исполнувањето на желбата на над 90 % од граѓаните кои сакаат да ја видат Република Македонија во ЕУ и НАТО. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

