Спорт
Приоритет на Сити е да продаде неколку играчи
Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, изјави дека клубот, во зимскиот преоден рок, ќе продава и нема да купува нови играчи. Според него први кои ќе го напуштат лидерот во Премиер лигата се Карлос Тевез и Вејн Бриџ.
Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, изјави дека клубот, во зимскиот преоден рок, ќе продава и нема да купува нови играчи. Според него први кои ќе го напуштат лидерот во Премиер лигата се Карлос Тевез и Вејн Бриџ.„Потребно е да продадеме тројца или четворица фудбалери. Трансферите на Тевез и Бриџ би можеле да бидат договорени во следните неколку дена. Можеби и ќе донесеме некого, но најважно е да продаваме“, рече Манчини. Заминувањето на Карлос Тевез е актуелно уште од септември минатата година, кога Аргентинецот, одби, како резерва да влезе во игра на мечот со Баерн Минхен. „Не можеме да имаме фудбалери кои мислат дека се поважни од клубот. Можеби Тевез така размислува. Знам само дека клубот секогаш е на прво место“, рече менаџерот на „граѓаните“. Манчини посочи дека за Тевез се заинтересирани три екипи од Италија, една од Франција и еден клуб за кој не откри од која земја доаѓа. На новинарско прашање околу трансферот на Даниеле де Роси, Манчини одговори дека не е сигурен дека тој воопшто сака да ја напушти Рома, иако на крајот од сезоната му истекува договорот. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тројца кандидати за наследник на Левандовски
Пред челниците на Барселона е тешка задача, да најдат замена за Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач има 36 години, но и покрај тоа сеуште е еден од најдобрите на својата позаиција.
Сезонава во воведните пет лигашки кола веќе постигна четири гола и има две асистенции, но годините полека го „газат“.
Левандовски има договор до летото 2026 година и прашање е кој ќе го пополни неговото место.
Според локалниот „Спорт“, на листата на кандидати во моментов има три имиња. Најголем меѓу нив е Ерлинг Халанд.
Доколку се покаже дека ѕвездата на Манчестер Сити е недостапна за Барса, тие ќе се насочат кон Виктор Јокерес или Бенџамин Шешко.
Споменатите напаѓачи имаат голем вредност на пазарот, што значи дека Барселона мора да ги реши финансиските проблеми во кои се наоѓа во моментов, па дури потоа да размислува за евентуалниот трансфер.
Спорт
(Видео) Голманот на Бока Јуниорс тргна да се тепа со навивачите
Голманот на Бока Јуниорс, Серхио Ромеро, по поразот на домашен терен во Супер класико, влезе меѓу навиваѓите и имаше жестока расправија со нив.
Откако судијата означи крај на натпреварот, искусниот голман влезе на трибината. Настана хаос бидејќи некои навивачи го нападнаа додека други се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Фудбалерите на Ривер Плата славеа во дуелот со Бока Јуниорс на гостински терен со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мануел Ланцини во 20. минута.
Бока можеше да дојде до еден бод, но голот на Милтон Хименез во седмата минута од судиското надополнување беше поништен поради играње со рака.
RIVER LE ROMPIÓ EL ORTO A BOCA EN SU CANCHA Y LOS HINCHAS SE PUTERON CON ROMERO JAJAJAJAJAJAJAAJAAJAJAJSJAJAJAJAJAJA
LES ARRUINAMOS LA VIDA Y LES ARMAMOS OTRO CABARET, HERMOSO
pic.twitter.com/d1KcfJJghT— SpiderCarp 🤟🏻🕷️ (@SpiderCarp23) September 21, 2024
Се појави видео на кое се гледа како голманот Ромеро, откако го кон него и соиграчите се упатени серија навреди влегува на трибината.
Додека дел од навивачите се обидуваа да го нападнат голманот, други се обидуваа да ја смират ситуацијата. Благодарение на интервенцијата на играчите и редарите, спречен беше поголем инцидент.
Este tipo no puede volverse a poner el buzo de arquero de Boca. pic.twitter.com/pVyTGjyJPY
— Nico Ambrogi ⭐️ 74 ⭐️ (@Nicoambrogi) September 22, 2024
Спорт
Спектакл на преполниот Вембли: Дубоа го нокаутираше Џошуа (ВИДЕО)
Британскиот боксер Даниел Дубоа ја задржа светската титула во ИБФ.
Пред 96.000 луѓе на стадионот „Вембли“ во Лондон, Дубоа со нокаут во петтата рунда го победи сонародникот и голем фаворит Ентони Џошуа.
Дубоа ја контролираше целата борба и неколку пати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија практично за завршена по „најубедливиот пораз во кариерата“. Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, додека Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази.
DANIEL DUBOIS HAS KNOCKED OUT ANTHONY JOSHUA!!! WHAT A PERFORMANCE!#JoshuaDubois #Boxingpic.twitter.com/By8gbt42rT
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 21, 2024