Свет
Најмалку 11 талибани убиени во Јужен Вазиристан
Најмалку 11 талибански борци биле убиени во петок навечар во напад на пакистанската армија во три села кои ги користеле како засолништа во паштунскито племенски регион Јужен Вазиристан
Според информациите на локалните меидуми кои се повикуват на избори од пакистанското воено разузнавање пја претставници на пакистанското разузнавање, армијата целосно има контролира врз Сарарога и Лада. Но таму, се’ уште има спорадични судири со бунтовниците, а војската се обидува да ја преземе целосната контрола и врз Макин, кој е стратешки центар на пакистанските талибани. Анонимните извори на западните агенции им изјавиле дека во овоие судири има ранети пакистански војници.Пакистанскито воен врв тврди дека при судирите во Јужен Вазиристан се убиени стотици талибански бунтовници, што е негирано од нивни претаставници кои се јавуваат во западните агенции. На новинарските екипи им е дозволен пристап до оваа област единствено во групи кои ги организира пакистанската влада, па затоа информациите стигнуваат од анонимни извори и официјални сопштенија на армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Европа е на раскрсница
Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во светот што брзо се менува, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Се наоѓаме на раскрсница. Европа претпочита дијалог и решенија, но ние сме целосно подготвени да дејствуваме, доколку е потребно, со единство, итност и решителност“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Таа истакна дека „во овој свет на растечко беззаконие, на Европа ѝ се потребни свои лостови на моќ“.
„Ги познаваме – силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и, пред сè, вистинска способност да се одбраниме“, рече фон дер Лајен.
Таа нагласи дека е „поважно од кога било“ да се продолжи со фокусот на Украина и дека Европската Унија ќе соработува со Соединетите Американски Држави и другите партнери за зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.
Свет
Европските лидери го коментираат Трамп во затворена група, со нив е и Зеленски
Заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување казнени царини кон секој што би се обидел да го спречи во намерата да го преземе Гренланд беше „капката што ја прелеа чашата“ за многу европски влади, пишува „Политико“, пренесе „Индекс“.
По една година напнатости од враќањето на Трамп во Белата куќа, сè погласно се зборува за неминовен трансатлантски развод. Некои европски функционери како основа за нов безбедносен сојуз без САД ја гледаат т.н. „коалиција на подготвените“.
Европските дипломати приватно го опишуваат потегот на Трамп околу суверената данска територија како „луд“ и „полудено однесување“ кое, според нив, заслужува најостра европска реакција. „Ова е преминување на црвената линија“, рекол еден европски дипломат под услов на анонимност. „САД долго ја критикуваат Европа за наводна слабост пред Трамп, и во тоа има вистина. Но постојат граници.“
Иднината без САД
Меѓу високи европски функционери преовладува уверување дека Америка под водство на Трамп повеќе не е сигурен трговски и безбедносен партнер. Се разгледува итен план за иднината на Европа без да се наслонува на САД.
„Промената во американската политика е реална и во голема мера трајна“, изјавил висок претставник на една европска влада. „Чекањето да помине нема смисла. Неопходен е организиран и координиран премин во нова реалност.“
Ова би можело да доведе до длабоки промени во западниот свет и нарушување на глобалната рамнотежа. Последиците би вклучиле економски штети од нови трговски тензии, како и зголемени безбедносни ризици. И самите САД би претрпеле последици, вклучително и загуба на пристап до европските бази и логистичка поддршка за операции во Африка и Блискиот Исток.
„Коалиција на подготвените“ како нов модел
И додека некои влади, како италијанската предводена од Џорџа Мелони, се обидуваат да ги спасат односите со Вашингтон, други веќе размислуваат за долгорочен раскин. За повеќето тоа е болно сценарио кое значи крај на 80-годишната соработка и удар врз НАТО.
Сепак, за некои иднината без САД е веќе замислена. Моделот го претставува „коалицијата на подготвените“ која ја поддржува Украина — платформа во која европски држави, вклучувајќи и земји кои не се членки на ЕУ како Велика Британија и Норвешка, делуваат ефикасно и без САД.
„Вашингтонската група“
Советниците за национална безбедност од 35 влади се во редовен контакт, а нивото на доверба меѓу нив е високо. Соработката не се одвива само на ниво на службеници – самите национални лидери исто така тесно соработуваат.
Лидерите како Кир Стармер од Обединетото Кралство, Емануел Макрон од Франција, Фридрих Мерц од Германија, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, комуницираат редовно, честопати во истиот групен разговор. „Кога работите почнуваат брзо да се движат, тешко е да се координираат, а овој разговор е навистина ефикасен“, рече лице запознаено со договорот.
Овој неформален договор е познат како „Вашингтонска група“, именуван по групата европски лидери кои ја посетија Белата куќа минатиот август со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кон нов безбедносен сојуз
Моделот на „коалиција на подготвените“ би можел да стане основа за нов европски безбедносен сојуз во време кога САД се повлекуваат. Во дискусиите учествува и Зеленски, што отвора можност Украина да стане дел од новиот систем. Украина е најмилитаризирана земја во групата, со голема армија и развиена индустрија за беспилотни летала — нејзино приклучување до Франција, Германија, Полска и Велика Британија би создало моќна воена сила.
Во меѓувреме, од Брисел пристигнуваат конкретни предлози. Европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус предложи формирање постојана европска армија од 100.000 војници, како и оживување на идејата за Европски совет за безбедност. Фон дер Лајен пак промовира нова Европска безбедносна стратегија.
Членките на ЕУ ќе одржат итен самит за да го координираат одговорот на заканите од Трамп. Во фокусот може да се најде и прашањето за иднината на европската безбедност. Се очекува и директен разговор со Трамп на Светскиот економски форум во Давос.
По средбите со Мерц, Макрон, Стармер и новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, фон дер Лајен изјави: „Ќе се соочиме со овие предизвици за европската солидарност со стабилност и решителност. Европа ќе застане цврсто во својата поддршка за Гренланд.“
Фото: ЕПА

