Македонија
Љупка Арсениевска нов претседател на скопска Апелација

Судскиот совет ја избра Арсениевска за претседател на Апелациониот суд во Скопје
Судијката Љупка Арсениевска како единствен кандидат е избрана е со 14 гласови за и ниту еден против. Останатите кандидати не беа предложени и не беа гласани од судскиот совет. Актуелната претседателка на Основниот суд Скопје 1, Лидија Неделкова, утрово го информирала Судскиот совет дека се откажува од кандидатурата.На денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија треба да се донесе одлука за избор на 11 судии во основните судови и тројца претседатели на судовите.Судскиот совет треба да назначи претседател и на основните судови во Радовиш и Струмица.На седницата ќе се донесе одлука за назначување на четворица судии на Основниот суд Скопје 2, двајца судии на Основниот суд во Неготино и по еден судија во Основните судови во Битола, Велес, Гостивар, Скопје 1 и во Штип.Покрај назначувањето на нови судии, на дневен ред на Советот е донесувањето одлука за престанок на функцијата на судии-поротници во Основниот суд Скопје 1 по предлог листа на претседателот на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.