Македонија
Јанкулоска: Владата се бори против злоупотребата на визната либерализација
Владата презема системски мерки против злоупотребата на визната либерализација, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на Петтата средба на Комитетот на министрите за внатрешни работи на земјите од југоисточна Европа
“Свесни дека по укинувањето на визниот режим ќе се појават и лица кои преку барања за азил ќе се обидат да останат во земјите од Европската унија, Владата презема систематски мерки, со цел спречување на ваквата појава. Воспоставен е Комитетот за следење на активностите поврзани со имплементација на визната либерализација, а се спроведува и засилена информативна кампања на целата територијата на Македонија со цел објаснување на граѓаните за суштината на визната либерализација, преземени се репресивни мерки кон оние кои вршеа туристички превоз кон земјите од Унијата без потребна документација“, истакна Јанкулоска.На состанокот на Комитетот што се одржува во Љубљана, а е посветен на имплементација на Виенската конвенција за полициска соработка на земјите од ЈИЕ учествуваат министрите за внатрешни работи на Словенија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија.Покрај Конвенцијата за полициска соработка во фокусот ќе биде и потпишувањето на Меморандум за разбирање околу формирањето на заеднички истражни тимови за поефикасна борба против трговијата со луѓе.Утре во Љубљана ќе се одржи и Осмата годишна конференција на министрите за внатрешни работи од земјите на ЈИЕ посветена на соработка во областа на граничната безбедност на која со свое обраќање ќе учествува и министерката Јанкулоска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

