Македонија
Адеми: Европски систем за справување со стакленичките гасови

Министерството зa животна средина и просторно планирање и економските оператори сериозно се подготвуваат за обврските и бенефитите кои произлегуваат со членството во ЕУ во областа на заштита на животната средина и климатските промени.
Ова беше истакнато на Конференцијата која што во четврток и петок се одржува во х. Радика во Маврово посветена за градење на капацитетите за олеснето спроведување на Европската шема за тргување со емисии на стакленички гасови (ЕУ ЕТС) во Република Македонија.
Државата со проект вреден над 711.300,00 евра од кои 617.700,00 евра се донација, а остатокот се нефинансиска поддршка од страна на Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, во наредните три години ќе се подготвува и ќе гради капацитети за олеснето спроведување на трговијата со емисии на стакленички гасови.
Освен Министерството за животна средина и просторно планирање во овој процес ќе бидат вклучени и преставници од бизнис секторот и други засегнати страни.
„Ние, на оваа соработка гледаме како предводник на идната соработка со Европската Унија во користењето на предпристапната помош (ИПА), каде за програмскиот период 2012-2014 имаме предвидено изработка на Закон за климатска акција и на долгорочна стратегија за климатска акција“, рече министерот Абдулаќим Адеми на отворањето на конференцијата.
Во проектот, кој се реализира во сработка со Кралството Норвешка ќе се спроведуваат мерки за адаптација во другите сектори кои се детерминирани како најранливи кон климатските промени. Со завршувањето на проектот, кој треба да се одвива во три фази, се очекува да произлезат предлози и решенија кои би биле дел од новиот закон Климатска акција./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.