Спорт
Шведска ослабена на Еуро 2012

Шведска, првиот противник на ракометната репрезентација на Македонија, на Европското првенство, пред стартот на шампионатот се соочува со големи проблеми.
Шведска, првиот противник на ракометната репрезентација на Македонија, на Европското првенство, пред стартот на шампионатот се соочува со големи проблеми. Откако стана јасно дека континеталното првенство ќе го пропушти десниот бек Оскар Карлен, настапот на Еуро 2012 го откажа и левото крило Јонас Калман. „Изминатите месеци направив неколку тестови на срцето, резултатите не беа добри. Разочаран сум што ќе го пропуштан Еуро 2012, но морам да се грижам за моето здравје. Морам да го оперирам срцето“, изјави Јонас Калман, соиграчот на Кире Лазаров во Атлетико Мадрид. Покрај овие двајца, селекторот на Шведска Штефан Олсон може да остане и без Далибор Додер, кој пред неколку денови доби принова во семејството, тој во последен момент ќе реши дали ќе патува во Србија или ќе остане дома. „Во овој момент не знаеме како ќе изгледа нашиот тим на Европското првенство. Последните контролни мечеви ќе го одредат списокот“, изјави столбот на шведската одбрана Тобијас Карлсон. Репрезентацијата на Шведска од утре ќе учествува на турнир во Хрватска, уште ќе учествуваат Словачка и Иран. Последните контролни средби, на 10 и 11 јануари, репрезентацијата на „Трите круни“ ќе ги одигра во Малме против Русија. Репрезентацијата на Шведска на Еуро 2012 ќе отпатува со цел да го повтори успехот од последното Светско првенство, кога го освои четвртото место. крај/ehf-euro 2012.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чаби Алонсо не го сака Асенсио, тој нема намера да го напушти Реал

Чаби Алонсо беше исклучително авторитативен во своите барања откако го презеде Реал Мадрид ова лето.
Алонсо побара сериозни инвестиции од клубот во одбраната, што резултираше со доаѓањето на Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас.
Според извештаите, клубот сè уште е на пазарот, се бара уште еден дефанзивец, со оглед на повредите и променливата форма на искусните играчи како Давид Алаба и Едер Милитао.
Во центарот на сите тие неизвесности, Раул Асенсио требаше да биде важна фигура во задната линија на Реал. Сепак, неговите неодамнешни натпревари во дресот на „кралскиот клуб“ значително влијаеја на неговиот статус, бидејќи Алонсо, според порталот „OK Diario“, ја изгубил довербата во младиот дефанзивец.
„ Асенсио нема никого да обвини освен себеси, бидејќи не го даде својот максимум на Светското клупско првенство и не го помина ригорозниот „тест“ на Алонсо, ставајќи ја неговата иднина во клубот во прашање“, пишува овој извор.
Постои голема неизвесност околу 22-годишникот, кој неодамна потпиша нов договор до 2031 година, откако блесна под водство на Карло Анчелоти минатата сезона.
Тој ги искористи повредите на своите поискусни соиграчи и влезе во првиот тим, имаше одлични игри. Сепак, неговите перформанси нагло паднаа во вториот дел од сезоната, а тоа беше особено очигледно на Светското клупско првенство.
Асенсио направи голема грешка во првиот натпревар против Ал Хилал, кога направи прекршок за пенал. Во вториот натпревар, против Пачука, доби црвен картон за непромислен старт.
Алонсо потоа го остави надвор од почетната постава до полуфиналето против ПСЖ, кога Хујсен беше отсутен.
Неговата слаба решителност и несигурните додавања од задната линија предизвикаа загриженост кај Алонсо, со оглед на тоа што тие елементи се клучни за стилот на игра што го форсира шпанскиот тренер.
Се вели дека Алонсо планира да користи формација со тројца во задната линија, но настапите на Асенсио не влеваат доволно доверба за да биде дел од тие планови.
Од друга страна, Асенсио е решен да се докаже во Реал Мадрид и ги отфрли понудите од клубови како Челзи, ПСЖ, Милан и Порто.
Спорт
Откриено е зошто Тадиќ не се пресели во Атлетико Мадрид

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент.
Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат.
Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното.
Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде исплатена преку бонусите, во зависност од настапие, головите, асистенциите, освоените трофеи….
Откако не успеа да се договори со Тадиќ, Атлетико го ангажираше Тијаго Алмада од Ботафого, кој игра токму на позицијата на Душан, а цената на трансферот беше 21 милион евра.
Тадиќ го напушти Фенербахче на крајот од минатата сезона, Црвена звезда и Војводина се распрашуваа за него, но постојат големи шанси тој да ја продолжи кариерата во странство.
Спорт
Ливерпул подготвува рекорден трансфер

Фудбалскоот клуб Ливерпул подогтвил понуда за Александер Исак, со која ќе го сруши британскиот трансфер рекорд.
„Ливерпул е подготвен да понуди голема сума за Александар Исак откако ќе се заврши продажбата на Луис Дијаз. Исак е заинтересиран за трансфер и воопшто не преговара со клубови од Саудиска Арабија. Тој е фокусиран исклучиво на Ливерпул. Сега сè е насочено кон Њукасл, додека Ливерпул чека, но тој е подготвен да влезе во преговори со својата рекордна понуда“, пишува Фабрицио Романо.
Деталите за понудата што Ливерпул ќе ја испрати до Њукасл за Александар Исак ги откри ннсајдерот Саша Таволиери.
Според неговите информации, станува збор за фиксна сума од 120 милиони фунти (малку повеќе од 138 милиони евра), а на тоа се додаваат и можни бонуси.
Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Ливерпул и Англија и трет најскап во историјата на фудбалот. Само ПСЖ плати повеќе за Нејмар (222 милиони) и Килијан Мбапе (180 милиони).
Фото/ Принтскрин