Спорт
Челзи се интересира за Пандев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/94c9e937-3f67-453f-b080-dd84178f8450.jpeg)
Според пишувањето на српскиот весник Blic англискиот премиер лигаш Челзи покажува интерес за капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев
Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Горан Пандев наводно бил желба на новиот тренер на лондонските „сини“ Андре Виљаш-Боас, и од Челзи во најкус можен рок ќе го контактираат Интер за евентуална реализација на трансферот. Интер би можел да се откаже од услугите на Пандев, за кого сериозен интерес покажува и Наполи, но сé уште не е позната сумата која тимот од Милано ќе ја побара како обештетување за да го ослободи од обврските најдобриот македонски фудбалер. Се чини дека во овој момент сумата за која Пандев би можел да го напушти Интер е она што најмногу ги интересира челниците и тренерот на Челзи. Горан Пандев во Интер дојде во јануари 2010 година, откако претходно шест години мина во Лацио. Пандев со Интер победи во Лигата на шампионите, првенството и купот на Италија и ја освои титулата на Светското првенство за клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот