Свет
Двајца мртви во пресметка меѓу мексиканските наркокартели
Обезглавени тела на двајца мажи, за кои се претпоставува дека се жртви на пресметка меѓу наркокартелите, се пронајдени во Сиудад Хуарез на северот на Мексико.
Обезглавени тела на двајца мажи, за кои се претпоставува дека се жртви на пресметка меѓу наркокартелите, се пронајдени во Сиудад Хуарез на северот на Мексико.
Според CNN, на телата на убиените има видливи траги од мачење. Рацете и нозете им биле замотани со селотејп лента, а на телата им биле пронајдени пораки од едниот од наркокартелите.
Најновите убиства се дел од пресметките на наркобандите, што станаа правило во Сиудад Хуарез , во последните неколку години.
Наркокартелите во таа област, која е во непосредна близина на границата со САД, се борат за превласт над каналите за криумчарење, преку кои наркотиците се префрлаат на американскиот пазар.
Од почетокот на оваа војна меѓу наркобандите во 2006 година, убиени се 6.757 лица./крај/ин/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката
Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а се излеа сулфурна киселина во реката Токантинс.
Одделот за државна транспортна инфраструктура соопшти дека во попладневните часови се урнал централниот дел на мостот долг 533 метри што ги поврзува градот Естреито во државата Маранхао и Агиарнополис во државата Токантис.
BRAZIL: A Bridge connecting Maranhão to Tocantins has collapsed. Three trucks fell into the water and at least one person died, according to information from the Federal Highway Police.pic.twitter.com/9uUSeL9U02
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) December 22, 2024
Камион кој превезувал сулфурна киселина паднал во реката, јавува Ројтерс.
Пожарникарите соопштија дека едно лице загинало, а според првичните проценки, во моментот на уривањето на мостот имало најмалку единаесет лица.
Свет
Важна средба меѓу Путин и Фицо во Москва: главна тема е транзитот на руски гас
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека Путин разговара со Фицo, кој е во работна посета на Москва, за транзитот на гас и меѓународни прашања.
Средбата меѓу Путин и Фицo се одвива во тет-а-тет формат, додаде Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ изјави дека посетата на Фицo на Москва била планирана пред неколку дена.
Свет
(Видео) Авион се урна врз продавници во туристичко место во Бразил, нема преживеани
Aвион со 10 лица се урна врз продавници во центарот на туристичкиот град Грамадо во јужен Бразил, соопштија претставници на цивилната одбрана.
Според информациите, нема преживеани.
„За жал, првичните извештаи покажуваат дека патниците во авионот не преживеале“, рече гувернерот Едуардо Леите во објавата на платформата на социјалните мрежи Х.
Според канцеларијата за јавна безбедност на државата Рио Гранде до Сул, најмалку 15 лица биле пренесени во градската болница, од кои повеќето страдале од вдишување чад предизвикан од пожарот предизвикан од несреќата.
1)🚨🇧🇷GRAMADO/RS: Uma aeronave de pequeno porte, que partiu de Canela com destino a São Paulo, caiu na manhã deste domingo(22) na cidade de Gramado após poucos minutos de voo.
Informações preliminares(ainda à confirmar) são de nove vítimas fatais e ao menos 14 pessoas, que …👇😪 pic.twitter.com/OmEKjPMxYH— ROSA M W WOBETO (@rosamwovbeto) December 22, 2024
Авионот, наводно, прво удрил во оџакот на една зграда, а потоа во вториот кат од една куќа, пред да удри во продавница за мебел, соопштија властите. Отпадоците стигнале и до блискиот конак.
Que tristeza .. avião cai em Gramado RS pic.twitter.com/tZCNyCwJK5
— Lia Rodrll🍙🌉🎏 (@Liarodrck_) December 22, 2024
Сместено во планински регион, Грамадо е најпопуларната туристичка дестинација во Рио Гранде до Сул, која беше сериозно погодена на почетокот на оваа година од невидени поплави кои однесоа десетици животи, уништија инфраструктура и значително ја нарушија економијата на државата.
Несреќата се случи само неколку дена пред Божиќ, особено фреквентен период за градот, кој традиционално е украсен со украси и е домаќин на свечени настани.