Свет
ЕУ се мобилизира за испраќање помош во Чиле
Европската унија е спремна да испрати забрзана и координирана помош за жртвите од силниот земјотрес што утринава го погоди Чиле.
Европската унија е спремна да испрати забрзана и координирана помош за жртвите од силниот земјотрес што утринава го погоди Чиле. Ова денеска го изјави европскиот комесар за меѓународна соработка и хуманитарна помош Кристалина Ѓеоргиева. Според нејзините зборови , веќе е издадена наредба да се набљудува состојбата и да се распоредат експерти за хуманитарна помош кои ќе започнат со оценка на помошта која треба да се испрати во случај на нужност. “Комисијата е готова да обезбеди итна помош и да ги координира европските акции во случај тие да се неопходни“-изјави Ѓеоргиева.“Бидејќи станува збор за земјотрес од големи размери не можеме да исклучиме дека бројот на жртвите нeма да расте“-изјави чилеанскиот претседател Мишел Бачалет, и го повика населението во критичните области да не предизвикуваат паника./крај/фо/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.