Контакт

Спорт

До крајот на летово Охрид ќе добие атлетска патека

Објавено пред

Потпишан меморандум за изградба на модерна атлетска патека во Охрид

dobivaj vesti na viber

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Цветко Грозданов, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на атлетска патека во Охрид. „Агенцијата за млади и спорт ќе се вклучи во изградбата со сума од околу три милиони денари, средства кои ќе бидат употребени за целосна подготовка на теренот до поставувањето на патеката“, изјави Драган Ѓурчевски. Тој изрази голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет кој ја обезбеди атлетската патека како донација и Атлетската федерација на Македонија за целокупниот ангажман  и успешната соработка. „Целта е подобрување на условите за атлетичарите, кои во моментов не се најдобри“, истакна Ѓурчевски. Проектот треба да биде готов до крајот на летово. По поставувањето на патеката ќе биде организиран голем Меѓународен атлетски турнир .Ѓурчевски најави дека по завршувањето на изградбата на Северната трибина на стадионот „Филип Втори“ се планира изградба на уште една атлетска патека со осум стази во Скопје..



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Детали го делат Симонс од трансфер на „Стенфорд Бриџ“

Објавено пред

Холандскиот фудбалер Чави Симонс (22) им даде јасни сигнали на челниците на својот клуб во кој правец сака да оди неговата кариера.

dobivaj vesti na viber

Симонс е многу поблиску до трансфер во Челзи денес отколку што беше во изминатите неколку дена.

Како што стојат работите, Челзи ја доби битката со конкуренцијата за потписот на суперталентираниот Холанѓанец.

Дека мислите на Симонс се веќе во Лондон, сведочат неговите индивидуални потези во последните денови, како што е бришењето на профилот на неговиот сегашен клуб од Инстаграм, а можеби најочигледниот знак дека тој повеќе нема да биде дел од клубот од Лајпциг е фактот што го пропушти тренингот во петокот.

Преговорите меѓу Челзи и Лајпциг во врска со трансферот на офанзивниот играч за врска се во завршна фаза, тврди добро информираниот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо.

Германскиот клуб би можел да заработи 70 милиони евра од продажбата на својот највреден играч, покрај Шешко.

Доколку трансферот се реализира, Симонс би станал осмото засилување на Челзи ова лето, по Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Лиам Делап (Брајтон), Естево Вилијан (Палмеирас), Дарио Есугу (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте дела Вале).

Клубот од „Станфорд Бриџ“ за овие трансфери издвои близу 250 милиони евра.

Само Ливерпул инвестираше повеќе пари во тековниот преоден рок.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Му пропадна кариерата, Деле Али ќе замине во пензија

Објавено пред

Деле Али ќе го напушти Комо ова лето, а се повеќе се шпекулира дека би можел да се пензионира.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот англиски репрезентативец имаше големи проблеми во изминатите неколку години со повредите. Во минатото, кога со Тотенхем играше и финале во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите, а неговата вредност се проценуваше на 80 милиони евра.

Минатата сезона беше во Комо, но не успеа да се докаже пред Сеск Фабрегас и ќе го заврши својот краток престој во Серија А. Според медиумите тој би можел да се пензионира иако има само 29 години.

Во Евертон и Бешикташ, Али се обиде да се врати на старите патеки и да го покаже талентот, но повредите не му го дозволија тоа. Одигра само десет минути за Комо, во кои успеа да добие црвен картон. Од тој момент па натаму, тој не се врати на теренот, а тоа се случи на 15 март оваа година.

Деле Али нема да биде првиот што ќе се пензионира пред својот 30-ти роденден. Тоа го направија Андре Ширле, освојувач на Светското првенство со Германија во 2014 година, Патрик Клајверт и Марко Ван Бастен, кои исто така се пензионираа на 29 години.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Обвинителството бара две и пол години затвор за Раул Асенсио

Објавено пред

Јавниот обвинител во Шпанија бара две и пол години затвор за играчот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради споделување видео од неговите поранешни соиграчи како имаат секс со две девојки.

dobivaj vesti na viber

Тројца поранешни соиграчи на фудбалерот на Реал од младинскиот тим имале сексуални односи со две девојки на Канарските Острови.

Девојките се согласиле на тоа, но некој од нив направил видео кое, без нивна согласност, завршило во јавноста, што довело до сè уште нерешен скандал.

Едната од девојките имала само 16 години во тоа време, другата 17.

Асенсио не учествувал во целиот настан, но добил видео од своите соиграчи кое го споделил понатаму. А обвинителството смета дека ова не смее да помине неказнето.

Во обвинителството, тие го започнале случајот по службена должност и бараат две и пол години затвор за играчот на Реал.

Асенсио се етаблира како играч во првиот тим на Карло Анчелоти минатата сезона, во која одигра 46 натпревари.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија1 час

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија2 часа

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...

Македонија3 часа

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. „Илинден е сржта на...

Македонија15 часа

Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот...

Топ17 часа

Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство. Двајцата браќа, по потекло од струшко,...

Македонија21 час

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои...

Македонија21 час

Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи од ноември поради изборите, и да даде оставка, Владата е во лавиринт, вели Мицкоски

Од ноември Владата ќе продолжи со процесот за разрешување на државниот обвинител онаму каде што застана, рече денес премиерот Христијан...

Македонија22 часа

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано...

Економија23 часа

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот...

Топ1 ден

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач што имал слепило, а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во...

Македонија1 ден

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро – матно“ за јули 2025 година, во кој се евидентирани...

Свет1 ден

Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји во целиот свет...

Македонија1 ден

Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична...

Македонија1 ден

Денес, втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток...

Македонија2 дена

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ2 дена

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија2 дена

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...