Контакт

Регион

Директорот на CIA во ненајавена посета на Сараево

Објавено пред

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, допатува во ненајавена посета на Сараево, објавија во петокот медиумите во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од неименувани извори, челникот на CIA треба да се сретне со првите луѓе на безбедносните служби на Босна и Херцеговина.

Најавено е и присуството на Џон Бренан на состанокот на ударната група за борба против тероризмот којашто ја сочинуваат претставниците на најважните правосудни и полициски агенции во БиХ.

Ваквата најава пристигнала од Обвинителството на БиХ, коешто ја координира работата на оваа група./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Срби на одмор во Грција снимија огромна змија на плажа: се слушаат врисоци

Објавено пред

На Фејсбук групата „Грција инфо“ се појави видео кое, благо кажано, исплаши многумина. Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките.

dobivaj vesti na viber

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе змија која, колку што може да се процени од видеото, била долга од 1,5 до 2 метри.

„Ова е да се умре веднаш“, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив.

Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека тоа не е змија отровница, дека тоа е нејзиното природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата.

Прикажи повеќе...

Регион

Се обидел да се пресоблече, па паднал од ѕид висок 20 метри: трагедијата на Калемегдан

Објавено пред

В. М. (39) од Белград загинал синоќа при пад од тврдината Калемегдан, а според очевидци, до несреќата дошло кога се обидел да се пресоблече.

dobivaj vesti na viber

Луѓето што биле во близина забележале маж што се обидел да се облече, па, најверојатно, на тој начин изгубил рамнотежа.

„Видовме дека е сам. Сакаше да го облече горниот дел од облеката. Се чинеше дека ја изгуби рамнотежата. Полицијата и итната помош бргу дојдоа, но немаше помош“, велат очевидци во текот на истрагата.

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград.

Телото на В. М. (39) од Белград е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина, пишува српски „Телеграф“.

Неофицијално, на полицијата ѝ е наредено да обезбеди видеонадзор од околните камери.

Прикажи повеќе...

Регион

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Објавено пред

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се произнесе и да го даде своето сведочење во врска со овој случај пред обвинителот денеска, ова во текот на изминатата недела го потврди неговиот адвокат Живадин Богдановиќ.

dobivaj vesti na viber

Срѓан Јанковиќ, кој управувал со автомобилот кога девојчето било удрено, по апсењето, се бранел со молчење и по два месеца решил да зборува.

Инаку, најстариот Драгијевиќ, татко на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, Дејан Д., на 29 мај беше пуштен да се брани од слобода по приведувањето за соучесништво во кривично дело за кое сè уште нема докази бидејќи телото на девојчето не е пронајдено.

Тој веќе извесно време не е во семејната куќа во Злот, која ја нашол празна, бидејќи во меѓувреме починале и неговиот помал син Далибор и неговата сопруга Светлана.

„Пред неколку дена дојде кај мене да ги намири трошоците за погребот на сопругата. Донесе сè што требаше од фондот на ПИО бидејќи и двајцата се пензионери. Беше целосно депресивен, затоа никој ништо не го праша, ниту имаше сила да го праша. Што може да се праша во ваква ситуација“, изјави сопственикот на погребалното претпријатие во Бор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Не коментирам пораки Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку скандинавци, порача претседателката Силјановска – Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјава,...

Македонија6 минути

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите останати: Сиљановска Давкова за македонско-бугарското прашање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и...

Македонија2 часа

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија5 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за упад од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писма до делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција,...

Свет5 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет5 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија6 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион6 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија1 ден

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија1 ден

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет1 ден

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...