Спорт
Савиќевиќ понуди два милиони евра и оставка ако се докаже дека е наркоман
Претседателот на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ на локалниот весник „Дан“ му понуди два милиони евра и отказ од функцијата, доколку се докажат тврдењата дека бил наркоман.
Претседателот на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ на локалниот весник „Дан“ му понуди два милиони евра и отказ од функцијата, доколку се докажат тврдењата дека бил наркоман.Во спротивно, доколку предлогот, кој би се извршил во било која клиника во светот, покаже негативен резултат, Савиќевиќ од весникот ќе бара отштета од два милиони евра.„Му нудам на „Дан“ тестирање во било која клиника во странство кои тие би ја избрале. Нудам два милиони евра, кои што ги имам заработено додека играв фудбал, доколку се потврди тоа што го пишуваат, а ќе поднесам и оставка на функцијата. Но, доколку се покаже дека тоа не е точно, ќе барам отштета од 500.000 евра“, рече Савиќевиќ.Легендата на црногорскиот фудбал одамна не е во добри односи со весникот, за чии новинари нема акредитации за натпреварите за репрезентацијата, со образложение дека нема место.Савиќевиќ деновиве појасни дека на хрватскиот стручњак Златко Крањчар му дал отказ од селекторското место, бидејќи бил склон кон алкохолот. /крај/ин/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

