Свет
Повеќе од 100 повредени во судирите во центарот на Каиро
Повеќе од стотина учесници на демонстрациите во центарот на египетската престолнина Каиро се повредени во судирите на радикалните египетски младински групи и полицијата, јави во четвртокот навечер египетската телевизија.
Повеќе од стотина учесници на демонстрациите во центарот на египетската престолнина Каиро се повредени во судирите на радикалните египетски младински групи и полицијата, јави во четвртокот навечер египетската телевизија.Причина за безредијата беше трагедијата на фубдалскиот меч меѓу екипите на Ал Ахли и Ал Масри во Порт Саид во која загинаа 71 а 300 навивачи на гостинскиот каирски Ал Ахли беа повредени кога беа нападнати во средата навечер по завршувањето на натпреварот. Притоа од агресивните домашни навивачи не беа поштедени ниту португалскиот тренер Жозе Мануел и неговите фудбалери .Во четвртокот навечер на централниот каирски плоштад Тахрир кој стана симбол на народниот бунт со кој беше принуден на оставка поранешниот претседател Хосни Мубарак по повеќе децении на власт, иницијатори на безредијата биле навивачите на Ал Ахли коишто ги тргнале бетонските бариери и со камења ги нападнале припадниците на полицијата од што биле повредени десетина полицајциКако што известуваат агенциите, на навивачите на Ал Ахли од центарот на Каиро, по извесно време им се приклучила поголема група навивачи на клубот од населбата Мухандисин каде што претходно беа одржани неколку погреби на жртвите од трагичните настани во Порт Саид. Оваа група била особено агресивно расположена. Движењето Револуционерна младина,чии членови исто така улествувале на протестите, стана познато по настаните од јануари 2011 година кога имаше активно учество во националните анти-владини демонстрации што доведе до промена на режимот, сега го изразува своето незадоволство од Врховниот совет на егепетската армија којшто управува со земјата. Овој антагонизам уште повеќе е зголемен по настаните од Порт Саид, при што се обвинуваат полицијата и војската дека не презамеле ништо за да ја спречат пресметката меѓу навивачите.Барајќи непосреден пренос на власта врз цивилните власти, египетските младински групи организираат постојани протести барајќи оставка на владата што ја именуваше армијата обвинувајќи ја за општата нестабилност во земјата./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Свет
(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени
Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда.
Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во меѓувреме, стотици луѓе се собрале околу објектот, меѓу нив и сопственици на уништени продавници.
#WATCH | A massive fire breaks out at Gul Plaza, a multi-storey shopping mall in central Karachi, killing at least three people and injuring more than 20.#GulPlaza #Karachi #Fire #Accident #Shoppingmall pic.twitter.com/PX7yvGMcUi
— The Federal (@TheFederal_News) January 18, 2026
Од цивилната болница во Карачи соопштија дека се примени шест тела и 11 повредени лица, а полицијата ги активирала протоколите за масовни катастрофи. Локалните медиуми јавуваат дека делови од зградата почнале да се уриваат и постои страв од целосно рушење на конструкцијата.
Свет
(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено
Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.
Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.
PARIS : 20 personnes ont été blessées, dont une grièvement, après l’effondrement d’un étage d’immeuble lors d’une soirée où étaient réunies une cinquantaine de personnes dans un appartement rue Amelot, dans le 11ᵉ arrondissement. (AFP / Actu17)pic.twitter.com/lg3SJyBQsn
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 18, 2026
Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.
Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.

