Свет
Подарокот за административците намален на 50 евра
Службениците, ако се усвои предлог законот за
спречување на конфликт на интереси, нема да смета да примат пари, хартии од
вредост и злато, без разлика на вредноста
КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ
Службениците, ако се усвои предлог законот за
спречување на конфликт на интереси, нема да смета да примат пари, хартии од
вредост и злато, без разлика на вредноста
Од 100 на 50 евра е намалена вредноста на подарокот што вработените во
државната и јавната администрација ќе смета да го примат од странките. Вакво
решение Министерството за правда вгради во Предлог законот за спречување на
конфликт на интереси, кој се очекува да се изгласа месецов.
Освен што е намлена вредноста на подарокот, административците, ако се донесе
законот, нема да смеат да примат пари, хартии од вредност или златни и други
скапоцени прдементи, без оглед на нивнарта вредност.
Новина во предлогот е што службениците во иднина нема да смеаат да лобираат при
вработување, при спорведување на тендери или јавни набавки или за гласање или
негласање за нешто.
Во делот на иземање, кога ќе се утврди конфликт на интереси, внесено е ново
решение, со кое барање за иземање може да покрене и заинтересирано лице, освен
самиот службеник или органот каде работи, како што беше досега.
Според предлогот, постапката за утврдувањрто на конфликтот на интереси е
доверена на Државната комисија за спречување на корупцијата. Освен тоа,
Комисијата има обврска да ја информира јавноста за случаите на построење на
конфликт на интереси, објавувајќи ги само податоците кои не претставуваат
повреда на личните податоци. Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња
Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши со својот лабрадор за време на нивната средба во Сочи во 2007 година.
„Искрено кажано, а веќе и’ кажав на Меркел – не знаев дека се плаши од кучиња. Да знаев, никогаш немаше да го сторам тоа. Напротив, сакав да создадам лежерна, пријателска атмосфера. Дури потоа дознав дека се плаши од кучиња“, истакна Путин одговарајќи на новинарски прашања.
„Сега разговараме, сето тоа ќе биде медиумски, па би сакал уште еднаш да и’ се обратам: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам, напротив, сакав да создадам позитивна атмосфера за Се извинувам ако некогаш дојдете повторно – иако разбирам дека тоа е малку веројатно, но сепак – нема да го сторам тоа.
Меркел во своите мемоари нагласи дека Путин намерно го користел својот лабрадор за да ја заплаши и дека знаел за нејзиниот страв од кучиња. Таа опиша како Путин дозволил неговиот црн лабрадор Кони да и пријде за време на фотографирање.
„Се обидов да го игнорирам кучето иако тоа повеќе или се движеше веднаш до мене. Ги толкував изразите на лицето на Путин како да ужива во ситуацијата. Дали ова беше мала демонстрација на моќ? Само се обидов да останам смирена, да се концентрирам на фотографите, не му кажав ниту збор на Путин“, рече Меркел.
Таа истакна дека инцидентот се случил и покрај експлицитните барања на германскиот дипломатски персонал да го чува кучето подалеку. Таа додаде дека Путин покажал свест за нејзината фобија една година порано давајќи ѝ плишано куче во Москва. Стравот на поранешната канцеларка од кучиња произлегол од трауматичен настан на почетокот на 1995 година, кога била касната од куче.
Свет
УНРВА: Околу 15.000 трудници во Газа се на работ на гладување
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) предупреди дека 15.000 бремени жени се на работ на глад во Појасот Газа, кој е под интензивни израелски напади повеќе од една година, јавува агенцијата „Анадолија“.
Се наведува дека во Газа има околу 50.000 бремени жени и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 раѓања.
🔹@UNFPA reports 50,000 pregnant women in #Gaza and 4,000 deliveries expected next month. 15,000 face famine risk
🔹Heavy rains and limited aid worsen conditions for Gaza’s displaced
🔹2024 is the deadliest year for humanitarians (281 deaths, most UNRWA staff in Gaza) per… pic.twitter.com/upzkqHIjOH— UNRWA (@UNRWA) November 28, 2024
„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на работ на глад“, предупреди УНРВА.
Во соопштението се нагласува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле состојбата на раселените луѓе во Газа.
Исто така, беше наведено дека 2024 година беше „најсмртоносната година за хуманитарните работници, со 281 смртен случај ширум светот, повеќето од нив вработени во УНРВА во Газа.
Свет
Путин за ракетата „Орешник“: „Моќта на масовниот удар е споредлива со нуклеарно оружје“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје.
Тој на самитот на Организацијата за колективна безбедност (CSTO) во Астана објасни дека ракетата, чии елементи на удар достигнуваат температура од 4.000 степени, може да погоди високозаштитени објекти, дури и оние што се наоѓаат на големи длабочини, и сè што е во епицентарот на експлозиите се претвора во прашина, објави „РИА новости“.
Москва веќе има на располагање неколку ракети „Орешник“ и почна со големо производство на напредниот вооружен систем, додаде тој.