Спорт
Ватерполистите на Србија се провлекоа во полуфиналето
Европскиот првак во ватерполо, репрезентацијата на Србија, со многу мака избори пласман во полуфиналето на Олимписките игри во Лондон.
Само благодарение на фуриозната игра во последната четвртина, српските ватерполисти ја победија Австралија со 11:8 (2:3, 2:4, 2:1, 5:0). Аутсајдерот Австралија, против апсолутниот фаворит одигра одлични три четвртини по кои имаше предност од 8:6, но Србија во последниот период постигна пет а не прими ниту еден гол, и се пласираше меѓу најдобрите четири репрезентации на турнирот. Противник на Србија во полуфиналето ќе и’ биде победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Унгарија и светскиот првак Италија. Претходно полуфинале обезбедија и ватерполистите на Црна Гора, кои со 11:9 забележаа победа над Шпанија. Црна Гора во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Хрватска и САД./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Србија и Албанија ќе го организараат У21 ЕП во 2027 година
Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година, се чека само УЕФА да ја потврди оваа информација.
Ваквата одлука е сосема извесна откако истече рокот за поднесување на кандидатури, а српско-албанската апликација беше единствена.
Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 16 декември.
Како што пренесуваат медиумите ширум Европа, проект за заедничка организација на овој натпревар имале и Белгија и Турција, но на крајот се откажале од поднесување на својата кандидатура.
Предлогот на Србија и Албанија, како што е објаснето, има за цел да се надминат политичките тензии меѓу двете земји со идеја за заедничка организација на турнир со 16 селекции.
Покрај сето ова, Србија и Албанија ќе бидат домаќини и на следните два Конгреса на УЕФА.
Спорт
Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед
Оле Гунар Солскјер бил подготвен да се врати на клупата на Манчестер јунајтет. Норвежанецот ова го изјавил на бизнис форумот во Осло, секако под претпоставка дека некој во клубот го повика да го замени Ерик Тен Хаг.
„Ако вашето семејство ве покани да им помогнете, секако дека ќе го прифатите, нели?“, рекол Норвежанецот и дополнил.
„Сепак, Манчестер јунајтед има тренер. Навистина не сакам да зборувам на таа тема во оваа ситуација. Но, ако треба да одговорам, мојот одговор би бил потврден“.
Солскјер беше сменет од клупата на Манчестер јунајтед во септември 2021 година и оттогаш нема никаков ангажман како тренер или селектор, иако имаше неколку покани, пред се од канадската репрезентација и клубови од Саудиска Арабија.
Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 11-та позиција на табелата во Премиер лигата со седум освоени бода од пет натпревари, а во средата вечерта ремизираше на домашен терен против холандски Твенте во првиот натпревар од новото издание на Лига Европа.
Спорт
(Видео) Надреална промоција – Пјаниќ јава коњ на стадионот во Москва
Миралем Пјаниќ (34), легендата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 115 настапи за националниот тим, потпиша за новиот клуб. Како слободен играч го комплетираше трансферот во ЦСКА Москва. Поранешниот играч на Јувентус, Барселона и Рома потпиша за ЦСКА до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона.
Пјаниќ на Инстаграм ја објави веста за потписот за ЦСКА. Но, вистинското шоу започна кога Пјаниќ го објави официјалното видео за презентација.
ЦСКА по тој повод го сними Босанецот како јава коњ со наметка, на теренот на стадионот во Москва со специјална порака од Пјаниќ до навивачите.
Покрај гореспоменатите клубови, Пјаниќ настапуваше и за Лион и Бешикташ, а последните две години ги мина во Емиратите од Шарја.