Економија
Стечајците по трет пат на протест пред Владата

Околу 200 стечајни работници и технолошки вишок денеска повторно протестираат пред Владата барајќи решавање на нивниот статус
Мостот „Гоце Делчев“ е блокиран, а учесниците во протестот се обидоа да влезат во Владата од споредниот влез, но полицијата го спречи обидот, јавува нашиот репортер.Пеејќи ја македонската химна и гаѓајќи ја зградата на Владата со јајца, попладнево околу двесте стечајци од Куманово се собраа на протест да го покажат револтот кон игнорантскиот однос на власта.Стечајците, кои, како што велат, бараат средба со премиерот Никола Груевски, дури ја турнаа оградата и стигнаа до обезбедувањето на Владата.„Ако СДСМ во изминативе години не доведе до оваа состојба можам да кажам дека и затоа ја загуби власта, сега бараме од Никола Груевски да ни помогне, инаку и тој ќе изгуби на изборите“, рече еден стечаец.
Стечајците бараат лицата кои имаат над 15 години работен стаж и старост над 53 години за мажи и 50 за жени да добиваат месечен надоместок по 100 евра до следното вработување или пензионирање.
Претседателката на Здружението УНИТ, Лилјана Георгиевска, вели дека побарале да бидат примени на средба во Владата, но оти досега немаат одговор дали ќе остварат средба со владини претставници.
Пред две недели, стечајците најавија дека секој вторник ќе протестираат пред Владата додека не се реши нивниот статус. На првиот собир, се обидоа на сила да влезат во Владата, но беа спречени од полицијата, а потоа фрлаа со домати и јајца по зградата на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.