Контакт

Економија

Најтргувани државните обврзници за денационализација

Објавено пред

На македонската берза за хартии од вредност денеска доминираше тргувањето со државните обврзници за денационализација од третата и осмата емисија кои заедно остварија промет од 5.355.193,25 денари, што претставуваше 42,6% од вкупниот промет кој изнесуваше 12.551.558,11 денари.

На македонската берза за хартии од вредност денеска доминираше тргувањето со државните обврзници за денационализација од третата и осмата емисија кои заедно остварија промет од 5.355.193,25 денари, што претставуваше 42,6% од вкупниот промет кој изнесуваше 12.551.558,11 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 10.295.140,11 денари при реализирани 80 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од само 2.256.418,00 денари, беа реализирани 22 трансакции. МБИ10 го промени трендот од претходниот трговски ден, така што оствари умерено намалување од 0,62% при вредност од 2.738,60 индексни поени. За разлика од него, МБИД со незначителен пад од 0,07% ја продолжи негативната тенденција од претходното тргување. Неговата вредност се стабилизираше на ниво од 3.096,17 индексни поени. ОМБ оствари благ пораст од 0,14%, позиционирајќи се на 110,61 индексни поени.Како најликвидна од официјалниот пазар се издвои државната обврзница за денационализација од третата емисија со промет од 3.298.001,00 денари. Просечната цена изнесуваше 90,37% од номиналната вредност, што значеше зголемување од 0,41%. Истргувани беа 59.204 обврзници кои се реализираа преку 6 трансакции.Следуваше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 2.057.192,25 денари. Просечната цена од 85,04% резултираше со пораст од 0,34%. Истргувани беа 39.245 обврзници кои се реализираа преку 7 трансакции.Кон најликвидните хартии од вредност од официјалниот пазар се приклучи и акцијата на Стопанска Банка Битола со промет од 1.103.600,00 денари. Просечната цена од 3.048,62 денари предизвика скок од 3,02% на дневна основа. Ова е резултат на предлог одлуката за дивиденда која изнесува 180,00 бруто по акција. Ценовниот распон се движеше помеѓу 3.007,00 денари и 3.100,00 денари. Истргувани беа вкупно 362 акции кои се реализираа преку 6 трансакции.На редовниот пазар најтргувана беше Раде Кончар Скопје со промет од 907.018,00 денари. Просечната цена од 1.442,00 денари значеше повисоко зголемување од 3,00%. Истргувани беа 629 акции кои се реализираа преку една трансакција.Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 601.800,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.100,00 денари, што не предизвика промена на дневна основа. Истргувани беа 118 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 032. Р.Македонија – Денационализација 083. Стопанска Банка Битола 4. Раде Кончар Скопје5. Комерцијална Банка Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Стопанска Банка Битола 3,02%2. Раде Кончар Скопје 3,00%3. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни 2,99%4. Макошпед Скопје 2,76%5. Р.Македонија – Денационализација 03  0,41%Хартии од вредност со најголем пад1. Прилепска Пиварница Прилеп 3,74%2. Топлификација Скопје 3,33%3. Бетон Скопје 2,99%4. Макпетрол Скопје 2,19%5. Македонија турист Скопје 1,58%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бочварски: Инвестираме преку 50 милиони евра во патишта во Истокот за регионално поврзување со Бугарија

Објавено пред

Создаваме комплетна слика за патната инфраструктура во Истокот, инвестираме преку 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во нова патна инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Делчево.

Министерот потенцираше дека сите регионални правци се рехабилитирани во Источниот дел на државата за да се создадат услови за економски развој на пограничните општини како и отворање на нов граничен премин со Бугарија.

„ Изграден е првиот дел од експресниот пат Штип – Кочани, се гради и вториот дел кој е значаен за цела Источна Македонија и за поврзување со Бугарија. Ја реконструиравме обиколница Кочани, потоа регионалниот пат од Кочани до Делчево. Во Делчево ги реконструиравме сите регионални правци, го реконструиравме и патниот правец од Берово до Клепало каде создаваме можност за отворање на нов граничен премин со Република Бугарија и каде имаме заеднички интереси. Даваме комплетна слика на патата инфраструктура во Истокот, инвестираме околу 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу двете страни на границите и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во патната инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија,” изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат од Делчево преку Бигла до Виница.
Министерот Бочварски потенцираше дека ова е многу важен проект за жителите од Делчево, Виница и неколку населени места што гравитираат околу овие општини. Инвестицијата е вредна 1,3 милиони евра.

За општина Делчево, реализираните проекти значат подобра економска поврзаност со пограничните општини од Република Бугарија.

„ Ова се најголемите вложувања во инфраструктурата во Делчево и во Истокот последите триесетина години. Во однос на патот од Делчево до Виница преку Бигла, тој е од особено значење за сите жители од двете општини како и неколку населени места што гравитираат овде. Патот ќе се прошири од 3 на 5 метри со што се создаваат нормални услови за сообраќај, поголема безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу Делчево и Виница” изјави Горан Трајковски градоначаликот на општина Делчево

Претходно, министерот оствари средба со градоначалникот на која разговраа за реконструкција на неколку локални улици во општината преку проектот за санација и изградба на локални патишта кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

Објавено пред

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните политики на Владата, рече денеска Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што рече тој, предлогот предвидува ште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија.

„Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории, но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година“, посочи претставникот на владејачката партија.

Како што рече Митрески, предлог Буџетот за 2021 година пред себе има три клучни цели:

– Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани;
– Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата;
– Да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.

„Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост но и можности за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата. Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен“, нагласи Митрески.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени 152 милиони денари за субвенции за втора фаза произведено и предадено млеко

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од оваа мерка, се свеж капитал кои треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.

„ Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со „ковид 19“ уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна. Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација, со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи но и за извоз“ – информира директорот Бабовски.

Агенцијата, Владата и министерството ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против корона се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот за...

Македонија2 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија3 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија3 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет4 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија4 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет5 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет18 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет19 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија20 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион24 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие