Свет
Убиени три пакистански војника и 34 талибани
Тројца војници и повеќе од 34 милитанти се убиени во судирите меѓу пакистанските безбедносни сили и талибанска група во племенскиот регион Кибер во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат локалните медиуми.
Тројца војници и повеќе од 34 милитанти се убиени во судирите меѓу пакистанските безбедносни сили и талибанска група во племенскиот регион Кибер во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат локалните медиуми.Талибанските герилци го започнаа својот голем напад во четвртокот, кога припадниците на пакистанските безбедносни сили извршувале вообичаено пребарување на теренот во областа Малик Дин Кхаил на границата меѓу Авганистан и Пакистан.Пакистанските војници пота извршиле напад во знак на одмазда, уништувајќи четири скривалишта, каде што заробиле повеќе ранети милитанти.Портпаролот на пакистанската армија, генерал мајорот Атар Абас изјави дека Исламабад распоредува трупи долж границата со Авганистан за да ги запре нападите на милитантите, додавајќи дека околу сто лица се убиени во талибанските напади во текот на изминатите три-четири месеци.Армискиот портпарол дополни во изјавата и дека милитантите имаат засолништа во авганистанките провинции Кунар, Нуристан, Нангаргхар, и дека во повеќето области од овие провинции нема присуство на безбедносни сили.Американската државна секретарка Хилари Клинтон која пристигна во Пакистан во четврток во посета на Исламабад за медиумите потврди дека Вашингтон дава поддршка за уништувањето на засолништа на милитантите, особено на талибаните во Пакистан поврзани со радикалната мрежа Хагани.Сепак, говорејќи на собирот со претежно млади Пакистанци во Исламабад, шефицата на американската дипломатија во продолжение изјави дека посакува Пакистан да ја надмине заканата од радикалите на Хагани по пат на преговори и убедување, а не со употреба на воена сила.Клинтон, исто така, додаде дека Пакистан игра клучна улога во процесот на помирување и соодветно завршување на војната во Авганистан./крај/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.