Свет
Анализа на СТРАТФОР: Спротивставени економски гледишта на Франција и Германија
Во обраќањето до европскиот парламент во вторникот, еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен рече дека Шпанија и Португалија мора да воведат додатни мерки за буџетски кратења во 2011 година, за да успеат да ја остварат целта од три проценти буџетски дефицит до 2013 година
Оваа изјава доаѓа по заедничката прес-конференција на германската канцеларка Ангела Меркел и фрнацускиот претседател Никола Саркози во понеделникот, на која Меркел истакна оти ако Шпанија има проблеми со своите финансии, тогаш таа може „во секое време“ да го активира механизмот за помош на еврозоната, вреден 750 милиони евра. И двете изјави малку ќе сторат за да ја поттикнат довербата кај инвеститорите во економијата на еврозоната. Стравувањата дека грчкиот државен долг некако може да сепрефрлат во Шпанија, во Португалија и во Италија и натаму доминираат, и покрај фактот дека проблемите на Грција се сосема различни – и поекстремни – отколку оние на земјите-членки на „Клуб Мед“ (медитерански држави). изјавата на Рен за додатни мерки го враќа во фокусот прашањето за „економско управување“ на еврозоната, под пшто Европјаните подразбиораат воведување на политчки моќи, соодветни на монетарната унија. Еврозоната е монетарна унја со многу лабава, во суштина, речиси доброволна политичка контрола. нејзината архитектура многу го отежнува процесот на одржување на државните фискални политики врзани за сетот од предвидените ограничувања, особено кон дозволениот буџетски дефицит од три проценти и дозволениот државен долг од 60 проценти од БДП, предвидени со Договорот од Мастрихт од 1992 година. Најбитната тема на состанокот помеѓу Меркел и Саркози во понделникот вечерта беше како да се подобри економското владеење со еврозоната.Германија и Франција имаат различни визии за тоа како треба да се раководи со еврозоната, но и двете признаваат дека несразмерностите помеѓу јужна и северна Европа можат да бидат надминати само со поголема синхронизација на политиките. За Германија, начинот да се подобри синхронизацијата е да се воведе збир на јасни правила (веќе воспоставени преку Пактот за стабилност и раст на еврозоната) и јасни механизми за казнување, ако овие правила се прекршени. Ова значи наметнување на сурови финансиски казни за членките на еврозоната кои не ги почитуваат буџетските лимити, со тоа што крајната казна би била времена суспензија од правото на глас во ЕУ. Последната точка е проблематична и не само поради тоа што ќе бара промена на договорот, процес кој неминовно ќе се завлече додека не го ратификуваат сите 27 членки. како и да е, Германија е подготвена да го истера процесот, за да се осигура дека сите земји-членки на ЕУ – и оние кои се во еврозоната и оние кои не се – ќе се продржуваат кон правилата. Берлин не ска потенцијалните идни членки на еврозоната од источна и централна Евроопа да ги одбегнуваат правилата, особено откако неодамна се открија огромните буџетски проблеми на Унгарија и на Бугарија. Франција, од своја страна, сака сите 16 членки на еврозоната економско владеење да го насочат кон една нова институција на еврозоната, со свој сопствен секретаријат кој би го координирал даночењето и буџетите помеѓу членките на еврозоната кои го користат еврото. Ова би била еволуција без преседан и која на Франција би и дала платформа за наметнување на своето политичко лидерство. Што е уште поважно, тоа на Париз и на другите членки на ЕУ ќе им ја даде можноста да одлучуваат за применливоста на правилата и механизмите на присила наметнати од Германија врз база на системот „случај по случај“. Последно нешто што сега би го сакале Париз, но и Шпанија и другите членки кои го поддржаа францускиот предлог е јасно одреден сет од правила, напипшан од Германија и спроведени од една решителна и многу поимоќна комисија на ЕУ, без простор за маневрирање.германија без сомнение го разбира ова, што е и причината Меркел да не попушти за барањата на Саркози. Официјално, објаснувањето на Меркел е дека ваквата институционална еволуција на еврозоната ќе создаде Европа која се движи по две ленти, со различни нивоа на интеграција. Но, под ова се крие загриженоста дека Франција и земјите-членки на еврозоната од „Клуб Мед“ на крајот ќе ги злоупотребат институциите за да ја одбегнат казната, додека Европјаните од централна и од источна Европа и британците ќе бидат оставени сами на себе, нешто што многу би го израдувало Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

