Спорт
Мајами супериорен против шампионот
Мајами Хит, на отворањето на НБА сезоната, во натпревар кој беше реприза на минатосезонското финале, го победи Далас, со 105:94.
Мајами Хит, на отворањето на НБА сезоната, во натпревар кој беше реприза на минатосезонското финале, го победи Далас, со 105:94. Леброн, Вејд и останатите, уште еднаш им честитаа на Маверикси за освоената титула, а потоа со Новицки и друштвото едноставно го пребришаа паркетот, иако тоа конечниот резултат не го покажува, во „Американ Ерлајнс Центар“. Мајами доминираше од самиот почеток, и многу бргу стигна до двоцифрена предност 21:11, која во продолжение на натпреварот само се зголемуваше. Првиот период Мајами го доби со 32:17, во втората четвртина екипата предводена од Леброн Џејмс на таа предност додаде уште шест поени, за конечни и огромни на полувремето 62:41. Третиот период „жешките“ го отворија со серија од 16:2, стигнувајќи до највисоката предност од 78:43. Актуелните шампиони, катастрофата ја избегнаа во последниот период, кога играчите на Мајами притиснаа на сопирачките, дозволувајќи му на противникот овој дел од натпреварот да го добие со 29:9. Мајами уште во првиот натпревар покажа дека сезонава е првиот фаворит за шампионскиот прстен, а Леброн Џејмс дека е решен да го тргне проклетството од себе. Далас, од друга страна, тешко ќе може да ја одбрани титулата, заминувањето на Џеј Џеј Бареа и Џош Хауард, како и пензионирањето на Стојаковиќ се чини дека направи голема дупка на надоворешните позиции, а особено ненадоместливо ќе биде заминувањето во Њујорк, на главниот дефанзивец, Тајсон Чендлер. Во победата на Мајами, најекспониран играч беше Леброн Џејмс со 37 поени, 10 скока и 6 асистенции, Двеј Вејд го следеше со 26 поени, 8 скока и 6 асистенции. Кај Далас, Џејсон Тери постигна 23, а Дирк Новицки 21 поен, но со лоша реализација од поле, Германецот погоди само шест од 15-те удари кон противничкиот кош. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.