Свет
Сириja тврди дека во градот Дера’а се убиени 10 терористи
Официјален сириски воен извор изјави дека во текот на шестдневната операција во градот Дера’a биле убиени десет припадници на вооружени терористички групи, а уапсени се 499 лица
Во информацијата што ја проследи сириската новинска агенција SANА, исто така, се наведува дека меѓу убиените милитанти, петмина биле „снајперисти кои стрелале од минарето на една џамија“. Во судирите биле убиени и двајца припадници на сириската армија, а осум војници и полицајци биле ранети, пренесува САНА. Претходниот во неделата во Дера’а беа распоредени тенкови, а во вечерните часови војската ја зазема џамијата Ал Омари во центарот на стариот дел на градот, кој служеше како своевиден центар на бунтот во овој град.За време на судирите на демонстрантите со полицијата во Сирија кои траат од средината на март, според сириската опозиција загинале повеќе од 500 луѓе. Од друга страна, пак, според официјалните податоци кои минатиот четврток ги објави агенцијата SANА, „од почетокот на насилството отпочнато од платеници против безбедноста на граѓаните и на татковината“, биле убиени 70 цивили и 78 војници и полицајци.Протестите во Сирија продолжуват и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г. Што беше едно од главните барања на опозицијата.Вината за продолжување на повеќе од шестнеделните немири, сириските власти ја префрлаат врз „вооружените бандити“ кои според нив дејствуваат со поддршка на „надворешни сили“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

