Македонија
Крифца: Не сакаме инциденти за Денот на албанското знаме
Нема да дозволиме некој да ја саботира манифестацијата по повод Денот на албанското знаме на плоштадот Скендербег во недела во 17 часот, ниту некои фантомски невладини организации да го валкаат нашето име и да манипулираат со медиумите, рече Исмаил Крифца од невладината организација „Разбуди се“, по објавувањето на спотот на „А1“ каде се појавува поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.
„Ние не стоиме зад тој спот. Се огласивме бидејќи во него местото на настанот и часот се поклопуваат со нашата манифестација. Сакаме да го славиме Денот на албанското знаме, а не да предизвикуваме инциденти. Побаравме од „А1“ телевизија да го прекине емитувањето на спотот, но од нив добивме одговор дека тоа нема да се случи бидејќи сите давачки за негово емитување биле платени“, рече Крифца.
Крифца додаде дека нарачателите на спотот не се добредојдени на манифестацијата, бидејќи сакаат кај Aлбанците да разгорат националистички страсти. Тој побара од „А1“ телевизија во следното објавување на спотот да се појави и логото на невладината организација која го снимила овој спот, со што ќе се обелодени кој сака да предизвика инциденти на Денот на албанското знаме./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

