Свет
Пет години затвор за Владислав Тамбурковски
Пет години затвор доби Владислав Тамбурковски,
поранешниот стечаен управник на велешката топилница. Основниот суд во Велес
вчера го прогласи дека е виновен за злоупотреба на службената положба.
ОСНОВЕН СУД ВО
ВЕЛЕС
Пет години затвор доби Владислав Тамбурковски,
поранешниот стечаен управник на велешката топилница. Основниот суд во Велес
вчера го прогласи дека е виновен за злоупотреба на службената положба.
Во периодот од 2003 до 2006 година, како стечаен управник, Тамбурковски
незаконски продавал метали, кои не биле во сопственост на топилницата, туку на
нејзиниот поранешен сопственик, фирмата „Инвестас”. Со тоа ја оштетил оваа
фирма за 390 илјади евра. Освен затворската казна, судот му нареди на
Тамбурковски да и ги врати парите на оштетената фирма. На поранешниот стечаен
управник му се судеше во отсуство.Тој веќе една година е недостапен и за судот
и за полицијата. По три судски рочишта, судијата Валентин Зафиров лани му одреди
притвор. Но, Тамбурковски не одлежа ниту еден ден. Неофицијално, тој се наоѓа
во Бугарија, каде што поседува имот и бугарско државјанство. Откако вчерашната
пресуда на велешкиот суд ќе стане правосилна, полицијата треба да одлучи дали
ќе распише потерница по него. Против Владислав Тамбурковски е поднесена уште
една кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Тој ќе одговара и
за соработка со фирмата „Топинг” во сопственост на член на одборот на
доверители на Топилницата. „Топинг” преработувал стари акумулатори, а
Тамбурковски на име на таа фирма наводно префрлил многу повеќе олово од
договореното. За овој случај обвинителството се уште води истрага. Тамбурковски
работеше и на стечајот на „Експорт импорт банката”, а ги водеше и
контроверзните стечаи на загубарите „Газела” и „ФАС”. Во фабриката за автобуси
беше сменет по барање на доверителите. Го обвинуваа дека се обидува фабриката
да ја продаде на бугарска фирма, сопственост на негов близок роднина. Во
„Газела”, пак, доби ќотек од работниците, револтирани од неговиот однос како
стечаен управник. Скопската фабрика за чевли тогаш ја продаде на контроверзниот
Флориан Дос, италијанец со германско потекло. Иако Владислав Тамбурковски доби
повеќе кривични пријави, вчерашното судење е прво во кое има епилог. Адвокатот
на поранешниот стечаен управник е незадоволен од казната и најави жалба.
В.Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

