Свет
Повеќе илјади луѓе протестираа во Мароко
Неколку илјади демонстранти, на повик на младински активисти кои ги отфрлија уставните реформи што ги предложи кралот Мохамед VI, се собраа на мирни протести во Казабланка. Истовремено во друг дел на Казабланка стотици луѓе се собраа во знак на поддршка на уставните реформи.
Неколку илјади демонстранти, на повик на младински активисти кои ги отфрлија уставните реформи што ги предложи кралот Мохамед VI, се собраа на мирни протести во Казабланка. Истовремено во друг дел на Казабланка стотици луѓе се собраа во знак на поддршка на уставните реформи. Кралот Мохамед VI пред три дена претстави низа од планирани уставни реформи со кои би се ограничиле неговите политички овластувања, вети уставна монархија со демократски парламент и најави дека за предложените реформи ќе се гласа на референдум кој би се одржал на 1. јули. Монархот на овој чекор се реши откако во земјата беа одржани продемократски демонстрации, кој започнаа на 20. февруари, по што и младинското движење го доби своето име. Демонстрациите беа инспирирани од народните бунтови во другите арапски земји. „Нема да се откажеме. Овие реформи не се доволни и нема да му овозможат на Мароко од апсолутна да мине во парламентарна монархија“, велат од движењето 20.февруари. На повик на ова движење за демонстрации во сите градови во земјата излегоа само неколку стотици луѓе. крај/бл/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

