Македонија
Глигоров: Спорот со името ќе трае долго поради тврдата позиција на Грција
Тврдата позиција на Грција и нејзиното одбивање да прифати именување на народот како македонски се двете главни причини поради кои спорот со името ќе трае долго, вели поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во интервју за агенцијата БГНЕС.
Тврдата позиција на Грција и нејзиното одбивање да прифати именување на народот како македонски се двете главни причини поради кои спорот со името ќе трае долго, вели поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во интервју за агенцијата БГНЕС. „Спорот меѓу Македонија и Грција ќе трае долг временски период, затоа што Грција има многу тврда позиција. Таа смета дека ние не смееме да се нарекуваме македонци. Спорот треба да се реши со разум од двете страни. Никој во ООН досега немал проблем со име на држава, ова е прв ваков случај. Ние како република која произлезе од поранешна Југославија сме членки уште при основањето на ООН. Никогаш досега услов за членство не било името на држава. Државата си го одредила своето име и готово“, вели Глигоров. Според поранешниот претседател Глигоров, односите меѓу Македонија и Бугарија се добри, иако “има луѓе на кои тоа не им се допаѓа“. “Односите меѓу двете држави можат да бидат и подобри, но им попречуваат различни луѓе, на кои, за жал, тоа не им се допаѓа. Мислам дека односите меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат и треба да бидат многу блиски, братски. Има многу македонци во Бугарија што се преселиле бегајќи од турци, грци и од други и сега живеат во Бугарија“, вели во интервјуто поранешниот претседател Глигоров. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

