Скопје
Се работи на барокните фасади на улица „Македонија“

Во тек е изведбата на две нови барокни фасади на улицата „Македонија“, а Градот Скопје во исто време бара проекти за промена на надворешниот изглед на четири згради лоцирани на улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“.
Фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци е избрана да ги изведува градежните работи на објектите со број 25 и 35 на главната пешачка улица во Скопје.
Од градскиот буџет за оваа намена ќе се потрошат околу 720.000 евра, без вклучен ДДВ.
Најавената „барокизација“ на овој објект лоциран на улица „Македонија“ ќе се спроведе врз основа на изготвеното идејно решение од авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставревски. Тие ги изготвија архитектонските трудови за реконструкција на надворешниот изглед на 15 објекти во текот на октомври 2012 година. Во 2013 година беа изработени и основните проекти од страна на проектантските бироа „Проинг Љубе“ од Скопје и „Архитектоника“ од Скопје.
Покрај централната пешачка зона, нови фасади ќе имаат и објектите кои гравитираат околу новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.
Градските власти распишаа огласи за пронаоѓање на бироа што ќе ги изготват основните проекти за менување на постоечкиот изглед на зданијата лоцирани на улицата „Димитрие Чуповски“ со број 13 и на три објекти што имаат адреса на улицата „Даме Груев“ со број 14 и 18./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив.
Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење, извести Општината.
„Подобрувањето на училиштата останува еден од нашите клучни приоритети. Со реконструкцијата во училиштето „Димитар Миладинов” создаваме современи, безбедни и инспиративни простори во кои децата ќе можат да учат, да спортуваат и да се развиваат. Инвестицијата во нивното образование и здрав развој е инвестиција во иднината на Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Реконструкцијата на Свечената сала, предвидува целосно нова бина и нови скалила, а постоечкиот паркет се струга и лакира. Во тек се молерисувањето на ѕидовите, замената на плафонските светла со штедливи, оспособувањето на прозорците за отворање и отстранување на стара остава со непотребен материјал.
Паралелно, се работи и на меѓупросторот, каде се заменува оштетениот под и се изведуваат молерисувачки зафати, се додава во соопштението од Општината.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)