Свет
Според очевидци Триполи е бомбардиран, 160 мртви
Очевидци изјавиле дека либиската воена авијација извршила масивно бомбардирање врз главниот град Триполи, јави Reuters, цитирајќи ја катарската телевизија Al Jazeera.Како што пренесува агенцијата, арапската телевизија емитувала во живо исказ на еден од жителите на Триполи, за тоа што се случува во моментов во главниот град на Либија. „Она што ние сега можеме да го видиме е едноставно незамисливо. Воени авиони и хеликоптери безобѕирно бомбардираа еден по друг неколку реони. Многу, има многу мртви,..“, изјавил жителот на Триполи кој се претставил како Адел Мухамед Салех. Засега нема официјални потврди за овие информации. Во судирите на демонстрантите со безбедносните сили кои се разгореа во понеделникот во либискиот главен град Триполи, загинале 160 лица, јавува Reuters повикувајќи се на арапските медиуми. Податокот за бројот на лица убиени во Триполи како итна вест го јави телевизијата Al-Arabia, која не го откри изворот на информацијата. Претходно, либиските и арапските телевизиски канали објавија дека во Триполи започнала обемна операција за задушување на народните протести. Како што претходно пренесовме по информации на телевизискиот канал Al Jazeera, за растурање на се помасовните протести, либиските власти ја вклучија и воената авијација. Низ целата територија на Либија исклучени се телефонските врски. Протестите избија од 15-ти февруари прво во либискиот провинции со кои се бара повлекување на Моамер ел-Гадафи, кој управува со земјата 42 години. Според меѓународните организации, пред бомбашкиот напад на Триполи, бројот жртви во немирите во сите либиски градови изнесува 500 лица, додека бројот повредени достигнува до четири илјади луѓе./крај/аа/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

