Македонија
Уништени 1440 рибарски мрежи запленети на Охридското Езеро
Вкупно 1440 рибарски мрежи запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер, јавува Охридњуз.
Вкупно 1440 рибарски мрежи запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер, јавува Охридњуз.
„Должината на овие мрежи е 70 километри, што е двојно повеќе од државната граница со Албанија на Охридското Езеро, а запленета е и друга опрема за криволов како блинкери и стави за јагули, како и 350 килограми риба“ информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која денеска ја посети Езерската полиција во Охрид.
Во рамки на активностите за спречување на незаконскиот риболов поднесени се кривични пријави против осум лица, а запленети се и четири пловни објекти кои биле користени за рибокрадство.
Министерката за внатрешни работи најави дека во текот на главната туристичка сезона која е на прагот ќе бидат засилени контролите на Охридското Езеро и државната граница со цел да се намали рибокрадството и да се казнат сторителите на ова кривично дело./крај/охрњу/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

