Свет
Најмалку 20 мртви во поплави во Казахстан

Најмалку дваесет лица загинале а илјадници се евакуирани во петок во Казахстан откако поплавите уништиле две брани на југот од земјата, соопшти казахстанското министерство за вонредни ситуации
Пролетните поплави инаку се чести во централна Азија, но наглото зголемување на температурите минатите денови по повеќенеделните големи снежни врнежи годинава го зголемија овој проблем.Двете брани северно до поранешната престолнина а сега главен економски центар на Казахстан, Алма ата попуштиле пред налетот на голем воден бран, при што биел поплавени повеќе села. Од ова подрачје досега биле евакуирани повеќе од четири илјади лица, соопштија локалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавено видео од обидот за киднапирање на ќерката на крипто магнат во Париз

Во последните неколку месеци, серија киднапирања и обиди за киднапирања беа насочени кон истакнати личности од светот на криптовалутите. Жена, за која се вели дека е ќерка на францускиот коосновач и извршен директор на компанијата за трговија со криптовалути „Пејмиум“, утрово избегала од киднапирање во Париз со помош на случаен минувач, објави „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, жената шетала со својот партнер и нивното мало дете кога била нападната на улицата околу 8 часот наутро. Француските медиуми објавија дека нејзиниот партнер успеал да ги оттргне маскираните напаѓачи кои се обиделе насилно да ја внесат жената во бело комбе.
🚨🇫🇷 ALERTE INFO | La fille d’un dirigeant d’une société de cryptomonnaie, accompagnée de son enfant de 2 ans, a échappé de peu à une tentative D’ENLÈVEMENT ce matin en plein Paris. (Le Parisien) pic.twitter.com/RyJJl0wJW5
— Cerfia (@CerfiaFR) May 13, 2025
Видеото од нападот, кое беше споделено на интернет, исто така покажува минувачи како и помагаат на двојката. Еден од минувачите го зел пиштолот што напаѓачот го фрлилна земја и го насочил кон нив, додека друг фрлил црвен противпожарен апарат во правец на маскираните мажи. Откако не успеале во обидот за киднапирање, напаѓачите избегале со возило.
Во последните месеци, низ Франција и Европа има сè поголем број случаи во кои шефовите на криптовалутите и нивните семејства биле киднапирани или избегале од обиди за киднапирање.
На почетокот на мај, таткото на шефот на криптовалути помина три дена во заробеништво откако беше киднапиран додека го шеташе своето куче во Париз. Неговите киднапери побарале откуп од повеќе милиони долари за неговото ослободување и му испратиле на неговиот син видео од сечењето на неговиот прст, објави Франсинфо.
Во меѓувреме, во јануари, Дејвид Баланд, 36-годишниот коосновач на француската крипто компанија „Леџер“, и неговиот партнер беа киднапирани од нивниот дом во малата општина Меро, која се наоѓа во централно-северна Франција.
Свет
(Вознемирувачко видео) Кандидатка за градоначалничка на Мексико убиена во пренос во живо на Фејсбук

Она што започна како радосен предизборен митинг во неделата вечерта во мексиканската држава Веракруз се претвори во ужас кога една кандидатка за градоначалничка беше убиена заедно со уште три лица, објави Си-Ен-Ен.
Застрашувачкиот момент беше снимен во пренос во живо на Фејсбук. Видеото ја прикажува Јесенија Лара Гутиерез како ги поздравува локалните жители додека шета низ улиците со поддршка на поворка поддржувачи. Видеото прикажува насмеана и радосна толпа која навива додека ја следи поворката. Во еден момент се слушаат истрели, кои ја задушуваат нивната прослава. На видеото, кое вчера беше достапно и на Фејсбук страницата на Лара, се слушаат околу 20 истрели.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум го потврди нападот и рече дека засега нема информации за евентуален мотив. Таа додаде дека нејзината влада е во координација со државните службеници на Веракруз и дека ќе понуди помош на државно ниво, вклучително и соработка со канцеларијата на државниот обвинител, доколку е потребно.
„Во координација сме, особено со министерот за безбедност, и сме подготвени да ја обезбедиме целата потребна поддршка за време на овој изборен период во Веракруз и Дуранго“, рече таа, осврнувајќи се на изборите што ќе се одржат во овие две држави на 1 јуни.
„Ниту една функција или политичка должност не вреди човечки живот“, изјави гувернерката на Веракруз, Росио Нале, на социјалната мрежа X. „Ќе ги пронајдеме оние што стојат зад ова кукавичко убиство на кандидатката на Морена и нејзините поддржувачи во Тексистепек“.
Нападите врз политичките кандидати се вообичаени во Мексико за време на изборните кампањи. Минатата година, земјата забележа рекорден број жртви на политичко насилство поврзано со организиран криминал. Според извештајот на организацијата за човекови права „Дата Цивика“, имало 661 напад врз луѓе и предмети, а поголемиот дел од жртвите биле луѓе кои се кандидирале или веќе имале позиции на локално ниво.
Во мај 2024 година, кандидат за градоначалник беше убиен за време на кампањата во јужната држава Гереро, во пукање кое исто така беше снимено. Неколку дена подоцна, градоначалничката на Котија во државата Мичоакан беше убиена додека се враќаше дома од теретана со својот телохранител.
Во октомври, градоначалникот на главниот град на државата Гереро, Чилпансинго, беше убиен помалку од една недела откако ја презеде функцијата.
Свет
Еден од двата најголеми аеродроми во Брисел евакуиран поради закана за бомба

Аеродромот во Брисел South Charleroi, еден од двата главни аеродроми во белгиската престолнина, е повторно отворен откако утрово целиот воздушен сообраќај беше прекинат поради закана за бомба на лет на „Рајанер“ од Португалија.
Како што објавија белгиските медиуми, сите дојдовни и појдовни летови беа запрени неколку часа откако на летот од Фаро непосредно пред 11 часот беше примена закана за бомба.
Авионот веднаш бил пренасочен кон затскриено подрачје на аеродромот, а властите воспоставиле безбедносен периметар во радиус од 500 метри.
Терминалот не беше евакуиран бидејќи се наоѓа надвор од безбедносната зона.
Полицијата изврши безбедносни проверки и утврди дека нема опасност, па затоа беше одлучено дека воздушниот сообраќај може да продолжи.
„Пистата повторно се отвори во 13:45 часот и летовите се обновени“, објави аеродромот на Фејсбук.
И покрај ова, се очекуваат доцнења на летовите во текот на попладневните часови.