Регион
Роднините на екс-грчкиот министер за финансии ќе одговараат за обвиненија по 'листата Лагард'
Роднините на поранешниот грчки министер за финансии, Георгиос Папаконстантину во среда ќе дадат писмени одговори на финансиското обвинителство во врска со истрагата за сметките на грчки граѓани во Швајцарија, од ткн „листата Лагард“, пишува во понеделникот весникот Kathimerini.
Грчкото обвинителство очекува објаснување од братучетката на поранешниот министер за финансии Георгиос Папаконстантину – Елени Папаконстантину и нејзиниот сопруг, како и од Андреас Росонис кој е женет за друга братучетка на поранешниот министер.
На оригиналната ткн „листа Лагард“ имало три имиња семејно поврзани со Папаконстантину кои подоцна биле отстранети во времето кога тој ја извршувал фунцкијата, што го открија грчките обвинители кога повторно ја добиле оригиналната листа, објави пред десетина дена грчкото обвинителство.
Грчките медиуми наведуваат дека се очекува тројцата да негираат дека нивните имиња биле избришани од списокот со имињата на грчките државјани кои имаат банкарски сметки во швајцарските банки и се товарат за затајување данок.
Папаконстантину претходно издаде соопштение во кое остро отфрла дека манипулираа со списокот, но неговата социјалистичка партија ПАСОК го исклучи од своето членство со образложение дека лошо го водел случајот.
Педесет иедногодишниот Георгиос Папаконстантину кој во 2012 година преговараше за првиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција, негира дека ја изменил листата која ја прими од тогашната француска министерка за финансии и актуелна извршна директорка на ММФ, Кристин Лагард пред две години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.