Спорт
Роналдо го однесе Реал натаму во Копа дел Реи
Со 32-от гол сезонава на Роналдо, Реал со 1:0 го совлада и во реваншот градскиот ривал Атлетико со што се пласираше во полуфиналето од Кралскиот куп на Шпанија.Бидејќи и првиот меч заврши со победа на Реал од 3:1, мадридските „кралеви“ со вкупен резултат од 4:1 го минаа во четвртфиналето од Копа дел Реи, градскиот ривал Атлетико Мадрид. На реваншот на „Винсенте Калдерон“ единствениот погодок го постигна Кристијано Роналдо во 32. минута. По проигрувањето од Рамос од десната страна, португалскиот репрезентативец од петерецот на Атлетико силно биеше покрај матираната одбрана на домаќините. Ова е негов шести погодок во Копа дел Реи сезонава, и 32-ри во сите натпреварувања, односно покрај 22-те голови во Примера и четирите во Лигата на шампионите. По киксот кај Алмериа во првенството, Реал одигра уште еден просечен меч, но покрај Атлетико кому се чини му недостасуваше здив за посериозен отпор, рутински ја извојува победата. Во полуфиналето Реал на 26-ти јануари и 2-три февруари ќе се сретне со минатогодишниот победник на шпанскиот куп Севиља, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Барселона и Алмериа./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еурофарм Пелистер (очекувано) поразен од Веспрем
Фото/ rkeurofarmpelister.com
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз од Веспрем 33:26 (20:11), во деветото коло во Лигата на шампионите.
Веспрем, најсериозниот кандидат покрај Барселона за освојување на трофејот оваа сезона, ја демонстрираше класата во првиот дел. Од стартот играчите на Чави Пасквал го наметнаа својот ритам, одминута во минута ја зголемуваа предноста, во 18.минута разликата беше двоцифрена.
Во вториот дел играчите на Пелистер пружија посилен отпор, дури и го добија овој период со два гола. На крајот доживеја пораз со седум гола разлика. Интересно со истата разлика заврши и соочувањето на двата тма во Битола (30:23).
Косоротов и Фабрегас беа најефикасни кај Веспрем со по седум гола. Кај Пелистер се истакнаа Кузмановски со шест, односно Радивојевиќ и Тајник со по пет гола. Одличен на голот со 11 одбрани беше Митревски, неговиот колега Ивиќ кој бранеше во вториот дел од второто полувреме забележа три интервенции.
По девет кола, Пелистер се наоѓа на претпоследното место во А групата со четити бода колку што има и Висла. Веспрем со 16 бодови ја предводи групата.
Спорт
Македонија напредуваше две места на ФИФА листата
Фото/ ffm.mk
Втор месец по ред фудбалската репрезентација на Македонија напредува на ФИФА листата. На најновата „скокна“ две позиции и во поредкот на најдобрите светски репрезентации се наоѓа на 67.место.
Во ноември, Македонија забележа две победи во Лигата на нации, против Латвија и Фарски Острови. Лигата на нации Македонија ја заврши на првото место во својата група и избори пласман во Б-дивизијата.
Инаку, во Топ 10 се врати Германија, а испадна Колумбија, останатите девет селекции се истит од минатото рангирање, со одредена промена на позициите. Аргентина е прва пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил, Португалија и Холандија, скокнаа за едно место, сега се на шестото и седмото, а Белгија падна за две позиции и сега е осма, Италија го задржа дветтото место, а десетта е Германија.
Спорт
Ига Швјонтек суспендирана поради допинг
Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.
Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.
Се наведува дека Ига Свјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).
Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.
Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.
Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.
ITIA објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивена на допинг тестот во август оваа година.
Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.
Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.
Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.
Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.