Македонија
Папандреу:Грција не блокира, туку сака решение за името
Грција не сака да блокира, туку сака да го реши проблемот со името, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу, одговарајќи на прашањето на Андреј Жерновски од ЛДП, на седницата за пратенички прашања во Советот на Европа.
Грција не сака да блокира, туку сака да го реши проблемот со името, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу, одговарајќи на прашањето на Андреј Жерновски од ЛДП, на седницата за пратенички прашања во Советот на Европа. Папандреу истакна дека овој проблем е тежок, но дека мора да се изнајде заеднички прифатливо решение и дека тоа решение ќе се случи во скоро време. „Време е да направиме чекор напред“, рече Папандреу, одговарајќи на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, која се интересираше дали гледа промени во однесувањето на премиерот Никола Груевски и дали има причини за оптимизам. Според грчкиот премиер, соработката и преговорите мора да продолжат, а агендата 2014. со која се предвидува сите земји од Западен Балкан да бидат вклучени во Европската унија, важи и за Македонија. „Со оваа агенда ќе дадеме дополнителна динамика за спроведување на реформите, но и за решавање на билатералните проблеми што постојат меѓу земјите на Балканот“, рече Папандреу. Тој уште еднаш ја повтори грчката позиција, едно сложено име за севкупна употреба и изрази надеж дека и од македонска страна ќе бидат прифатени неговите иницијативи. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат
Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки, Кочанско.
Од ЦУК известуваат дека стапиле во контакт со екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот.
Стапено е во контакт и со братот на заглавеното лице.
„Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето што се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Тој ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“, велат од ЦУК.
Истовремено, има ново барање да им се исчисти првин патот (концесионерот ги одржува само патиштата што се под асфалт, а не и споредните патишта што се до маалата, а што не се асфалтирани), па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини
Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.
„Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Екипите на Претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ“, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар
Од 11:20 часот на планинскиот превој Плетвар е укината забраната за тешки товарни возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.