Скопје
Македонски музички ѕвезди ќе пеат за семејството Кочоски
Македонските естрадни уметници Виолета Томовска, Благица Павловска, Јордан Митев, Ефто Пупиновски, Милица Кузмановска, Круме Спасовски и Дејан Добрески ќе настапат на хуманитарен концерт посветен на семејството Кочоски од Скопје.
Македонските естрадни уметници Виолета Томовска, Благица Павловска, Јордан Митев, Ефто Пупиновски, Милица Кузмановска, Круме Спасовски и Дејан Добрески ќе настапат на хуманитарен концерт посветен на семејството Кочоски од Скопје.
За ово сиромашно седумчлено семејство (родители и пет малолетни деца, од кои едно шестмесечно бебе), кое живее во населбата Драчево, на хуманитарниот концерт ќе настапат и културно-уметничките друштва „Гоце Марковски“, „Фолклорни бисери“, „Кочо Рацин“ и „Студио Фолклор“.
Училиштето „Игор Продакшн“ го организира овој концерт на 14.06.2015 година во спортската сала „Македонско сонце“ во основното училиште „11 Октомври“ (спроти полициска станица Пролет). Манифестацијата трае од 13 до 15 часот.
Влезницата на концертот е 100 денари и може да се купат во „Југотон“. Собраните пари ќе бидат наменети за семејството Кочоски на кои треба да им се обезбеди кров над глава или доколку институциите помогнат во нивно сместување со обезбедување социјален стан, тогаш собраните пари ќе се пренаменат за купување покуќнина.
Засега единствен генерален спонзор на хуманитарниот концерт е Фабриката за перници и постелнина „Донитекс“ од Свети Николе.
Семејството Кочоски живее во многу нехумани услови. Секое утро се буди со страв дека покривот во изнајмената куќа ќе им падне над глава. Од овој месец, семејството ќе остане на улица бидејќи куќата во која живеат има нов сопственик, кој сака да ја урне. Инаку, семејството живее во соба од 5 квадратни метри, со многу влага и нехумани услови за живот. Сите спијат на еден кревет и немаат купатило./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




