Македонија
МВР потпиша договор за соработка со Кина
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и заменик-министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина Јанг Хуаннинг, кој е во дводневна работна посета на Република Македонија, во понеделник потпишаа билатерален договор за заемна соработка.
Како што нагласи министерката Јанкулоска со овој договор, којшто практично е реализација на она што беше договорено при минатогодишната посета на Јанкулоска на Кина, дополнително се продолабочува и зајакнува билатералната соработка помеѓу двете земји во обостран интерес.
Всушност како што заклучија двајцата министри на средбата што претходеше на потпишувањето на договорот, овој документ ќе претставува значаен импулс за интензивирање на меѓусебните контакти, размени на информации, заеднички проекти во области кои што има особено широк простор за соработка како што се борбата против недозволена трговија со дрога, илегалната миграција, тероризмот, како и борбата против интернет криминалот и другите глобални закани.
Истовремено беше нотирано дека во делот на соработката односите се повеќе добиваат на интензитет со самиот факт што поголема група вработени во МВР веќе учествувале на различни обуки во Кина.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

