Црна хроника
Загина пешак на пешачки премин кај „Алумина“ во Скопје

Во петок наутро, околу 9.30 часот загина пешак на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во Скопје, откако бил удрен од автомобил.
Имено, постар маж бил удрен од возило „киа“ со скопски регистарски таблички на пешачкиот премин кај „Алумина“.Сведоци на несреќата велат дека автомобилот се движел со голема брзина и удрил во пешакот.Итната медицинска помош само ја констатирала смртта на пешакот. Полицијата врши увид на местото. Сообраќајот на булеварот се одвива во една лента./крај/мф/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.