Македонија
Македонија со иницијатива за соработка на министерствата за земјоделие од регионот
Покренување на иницијатива за склучување на билатерални договори за соработка меѓу министерствата за земјоделство од регионот, интензивирање на соработката на полето на интегративните процеси, во прв ред преку пренесување на позитивните искуства од страна на земјите членки на Европската унија.
Покренување на иницијатива за склучување на билатерални договори за соработка меѓу министерствата за земјоделство од регионот, интензивирање на соработката на полето на интегративните процеси, во прв ред преку пренесување на позитивните искуства од страна на земјите членки на Европската унија.Ова, како што известуваат од министерството, во четвртокот го договори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија на билатералните состаноци кои се одржаа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на Годишниот состанок на министрите за земјоделство, членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој.Интензивирање на маркетингот на земјоделските производи од Република Македонија, привлекување на странски инвеститори преку промовирање на условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за заинтересиранте странски инвеститори, ниските каматни стапки, но преку можноста за формирање на мешовити компании од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, како што истакна министерот Диомовски се приоритетите кон кои е насочена реализацијата на неколкуте програми на Владата на Република Македонија и на Министерството за земјоделство во делот на зголемување на конкурентноста и продуктивноста на македонското земјоделство. „Во изминативе неколку години рапидно ги зголемивме субвенциите во земјоделството, а како резултат на многубројните програми за модернизација на механизацијата, за осовременување на системите за наводнување, евидентираме и зголемени приноси и извоз на странските пазари“, потенцираше министерот Димовски. Тој посочи дека е добредојдена секоја соработка на полето на земјоделството која е во насока на осовременување и приближување на овој сектор кон Европската унија. Претставниците на унгарското, германското и полското министерство за земјоделство го изразија задоволството од можноста за пренесување на нивното искуство во полето на земјоделството на земја кандидат за членство каква што е нашата и особено внимание посветија на презентацијата на министерот Димовски посветена на македонскиот агро-сектор, во најголем дел на производството на грозје и вино, на тутун, на градинарски производи и овошје. Беше поздравена иницијативата за формирање на Центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал, кој е во насока на зголемување на продуктивноста на македонското земјоделство, вклучително и во борбата против климатските промени. Министерот Димовски посочи дека трговијата со земјоделско прехранбени производи со овие земји иако генерално е добра, во иднина има услови и треба да се зголеми. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата“, вели Димитријевиќ
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ сака укинување на техничката влада за да ја скрие корупцијата и криминалот во институциите, рече генералниор секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција.
„Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, истакна Димитријевиќ.
Тој нагласи дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе изнесе дел од скандалите, но дека вистинската состојба е многу посериозна.
„Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем“, рече Димитријевиќ.
Како пример тој го посочи скандалот со европските средства.
„Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, посочи Димитријевиќ.
Димитријевиќ потсети и на сериозни финансиски злоупотреби, како 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милиони евра тендери во Пошта.
„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функционери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со коишто практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, рече Димитријевиќ на денешната прес конференција.
Македонија
Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок
Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур е на првото место, додека Јапонија и Јужна Кореја се изедначени на второто место. Индексот ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да пристапат без претходно добивање виза, пишува CNN.
Носителите на пасоши во Сингапур имаат пристап без виза до 192 од 227 дестинации следени од индексот, додека јапонските и јужнокорејските пасоши дозволуваат влез до 188 дестинации. Следат низа европски земји: Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија го делат третото место со пристап до 186 дестинации.
Четвртото место, со резултат од 185 дестинации, го заземаат десет земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија и Италија. Хрватска е на шестото место, а нејзините граѓани можат да патуваат во 183 земји без виза. Таа ја дели позицијата со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска.
Македонија е рангирана на 38 место со можност за влез без виза во 128 држави.


Од друга страна Обединетите Арапски Емирати го постигнаа најзначајниот напредок во 20-годишната историја на индексот, додавајќи 149 дестинации без виза од 2006 година и искачувајќи се за 57 места на ранг-листата. Спротивно на тоа, Велика Британија го забележа најголемиот пад од година во година, со пристап без виза до 182 дестинации, осум помалку отколку пред 12 месеци.
Соединетите Американски Држави се вратија на десеттото место со пристап до 179 земји, но тоа не одразува целосно закрепнување, бидејќи 37 земји се пред САД на ранг-листата. САД го изгубија пристапот без виза до седум дестинации во изминатата година, а паднаа за шест места во последните две децении, од четврто на десетто место, според индексот.
Експертите истакнуваат дека моќта на пасошот ги одразува пошироките геополитички трендови. „На крајот на краиштата, моќта на пасошот ја одразува политичката стабилност, дипломатскиот кредибилитет и способноста за обликување на меѓународните правила“, вели Миша Глени, новинарка и ректорка на Институтот за хуманистички науки во Виена, во извештајот.
„Како што трансатлантските односи стануваат затегнати, а домашната политика станува сè понестабилна, ерозијата на правата за мобилност за земји како САД и Велика Британија е помалку техничка аномалија, а повеќе сигнал за подлабока геополитичка рекалибрација.“
На дното на листата е Авганистан, чиј пасош дозволува влез во само 24 дестинации без виза. Сирија (26) и Ирак (29) се исто така близу до дното, покажувајќи јаз од дури 168 дестинации помеѓу највисоко и најниско рангираните пасоши.
„Во текот на изминатите 20 години, глобалната мобилност значително се прошири, но придобивките беа нерамномерно распределени“, вели Кристијан Х. Каелин, претседател на Henley & Partners.
„Денес, привилегијата за пасош игра одлучувачка улога во обликувањето на можностите, безбедноста и економското учество, при што зголемениот просечен пристап ја маскира реалноста дека придобивките од мобилноста се сè повеќе концентрирани меѓу економски најмоќните и политички најстабилните нации во светот.“
„Хенли и Партнерс“, фирмата зад индексот, им помага на поединците да стекнат двојно државјанство, а Американците сочинуваа 30% од нејзините клиенти во 2025 година. Сепак, неколку европски земји ги заострија барањата за државјанство.
Постојат и други индекси, како што е оној на „Артон Капитал“, кои користат различна методологија. Според нивното рангирање за 2026 година, Обединетите Арапски Емирати се на прво место со пристап до 179 дестинации, додека Сингапур и Шпанија се израмнети на второто место со 175 дестинации.
Најмоќните пасоши за 2026 година според индексот Хенли:
Сингапур (192 дестинации)
Јапонија, Јужна Кореја (188)
Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска, Швајцарија (186)
Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка (185)
Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати (184)
Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд, Полска (183)
Австралија, Латвија, Лихтенштајн, Обединето Кралство (182)
Канада, Исланд, Литванија (181)
Малезија (180)
Соединети Американски Држави (179)
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата
Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Тој обвинува дека „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени, не сакаат реформи за ЕУ туку покритие за намерна изолација на земјата“.
„Им се брза, им ја откивме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, нема пари во буџетот. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија. Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем. Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, вели Димитријевиќ.
Тој додава дека „злоупотребата на полицијата после целосната партизација е уште еден инструмент за притисок, сила, закани и уцени но и за заштита на криминалци“.
„Покрај оние 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета, 1,2 милиони евра тендри во Пошта може само да замислите што се прават. Не сакаат да има техничка влада – за опозицијата да не влезе и да не види што сè правеле“, рече Димитријевиќ.
Според него, техничката влада мора да остане затоа што таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.
„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“, рече Димитријевиќ и истакна дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

