Македонија
Ќе се доопремуваат патронажните служби
Владата на Кралството Холандија му одобри грант на Министерството за здравство во висина од 8 милион долари за реализација на проект за подобрување на патронажните служби, центрите за имунизација како и на сите породилишта во земјава.
Владата на Кралството Холандија му одобри грант на Министерството за здравство во висина од 8 милион долари за реализација на проект за подобрување на патронажните служби, центрите за имунизација како и на сите породилишта во земјава.
Проектот кој ќе започне да се реализира на почетокот на следната година ќе овозможи континуирана медицинска едукација на сите здравствени работници кои работат во патронажната здравствена служба, здравствените центри за вакцинација и породилиштата. Проектот ќе опфати и опремување на сите породилишта во земјата. Со грантот ќе се набават и 75 теренски возила за патронажните сестри, со што ќе се овозможи подобар пристап за здравствената заштита посебно во руралните средини, а ќе се обнови и опремата за чување и транспорт на вакцините во сите служби за имунизација. Ќе се воспостави интегриран информатички систем во породилиштата, патронажните центри и центрите за вакцинација.
На денешната прес конференција Министерот за здравство Бујар Османи истакна дека главниот акцент во здравствениот систем треба да се стави токму на патронажните служби кои допираат до најранливата категорија на луѓе, како што се бремените жени и новороденчињата.
„Денеска промовираме почеток на реализација на проект наменет за најранливата категорија граѓани бремените жени и децата. За жал во делот на нивната здравствена заштита голем број елементи недостасуваа изминатата декада. Со ова се овозможува воспоставување на сеопфатен и интегриран систем на здравствена заштита, со цел на подобрување на пристапот на квалитетот на здравствените услуги за бремените жени и децата, како и подобрување на нивните здравствени навики“.
Според Османи на овој начин ќе се овозможи значајна финансиска заштеда во здравствениот систем од 2 милиони долари годишно. Тоа ќе се постигне преку поголема достапност и подобрување на квалитетот на здравствените услуги, преку зајакнување на здравствената грижа што ќе се овозможува на регионално и на локално ниво.
„Се надевам дека со овој проект граѓаните ќе добијат многу подобри здравствени услуги, особено затоа што со овој проект ќе се подобрат условите кај маргинизираните групи во општеството и на оние кои живеат во руралните средини и кај малцинствата со тоа што до нив ќе дојдат основните здравствени услуги„ – смета Амбасадорката на Кралството Холандија Симоне Филипини
Грантот од Кралството Холандија е одобрен врз основа на апликација во конкуренција на преку 80 апликации од земјите во развој, а Министерството за здравство ќе учествува во овој проект со 15 милиони долари.
Според министерот Бујар Османи зачестеноста на смртноста кај доенчињата во последно време се должи на инвитро оплодувањето, што доведува и до предвремено раѓање.
„Министерството за здравство наложи во првиот и вториот обид на инвитро оплодувањето да се ограничи на две јајце клетки, за разлика од досега кога се оплодуваа четири јајце клетки. Тоа е една од мерките за да се ограничи оплодувањето “ – додаде Османи. /крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

