Економија
Сите три индекси во црвено
Првиот трговски ден во месецот на македонската берза за хартии од вредност затвори со намалување на вредноста на сите три индекси.
Првиот трговски ден во месецот на македонската берза за хартии од вредност затвори со намалување на вредноста на сите три индекси.
Од вкупниот промет кој изнесуваше скромни 8.092.403,20 денари, дури 5.358.971,20 денари, односно 66% беа остварени преку тргувањето со државните обврзници за денационализација.
Најтргувани беа државните обврзници за денационализација од осмата и седмата емисија кои заедно остварија 99,5% од вкупниот промет со обврзниците за денационализација.
Прометот со обични акции изнесуваше 2.733.432,00 денари. Официјалниот пазар оствари промет од 7.070.754,20 денари при реализирани 51 трансакции. Прометот на редовниот пазар беше далеку потенок и изнесуваше 1.021.649,00 денари при реализирани 23 трансакции.
МБИ10 континуирано забележува намалување, така што на вчерашниот трговски ден оствари умерено намалување од 0,79%, додека вредноста при затворањето изнесуваше 2.849,49 индексни поени. На пеисимистичката перцепција се додаде и МБИД со благ пад од 0,36% при вредност од 3.234,68 индексни поени. ОМБ исто така беше со негативна тенденција, иако не беше значителна, а изнесуваше 0,05% позиционирајќи се на ниво од 111,80 индексни поени. Најтргувана на целиот пазар, односно на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 2.906.935,22 денари. Просечната цена од 87,01% беше доволна за пораст од само 0,03%. Истргувани беа вкупно 54.317 обврзници од оваа емисија кои се реализираа преку 8 трансакции. Следуваше државната обврзница за денационализација од седмата емисија со промет од 2.424.665,90 денари. Со просечната цена од 87,00% беше остварено мало зголемување од 0,10%. Истргувани беа 45.314 обврзници кои се реализираа преку 5 трансакции. Најтргувана од акциите кои котираат на официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со скромен промет од 458.459,00 денари. При просечна цена од 4.825,88 денари намалувањето изнесуваше 0,50%. Ова значеше враќање на негативниот тренд кој при завчерашниот трговски ден беше прекинат. Истргувани беа вкупно 95 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Најликвидна од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 350.160,00 денари. Просечната цена од 5.002,29 денари оствари минимално зголемување од 0,04%. Истргувани беа 70 акции кои се реализираа преку 6 трансакции. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 296.596,00 денари. Просечната цена од 487,82 денари резултираше со намалување од 0,34%. Ценовниот распон се движеше од 485,00 денари до 494,00 денари. Истргувани беа вкупно 608 акции кои се реализираа преку 8 трансакции. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 26.02.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): Алкалоид Скопје – 313 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Р.Македонија – Денационализација 073. Алкалоид Скопје4. Комерцијална Банка Скопје 5. Тутунска Банка СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 0,93%2. Стопанска Банка Скопје 0,75%3. Македонијатурист Скопје 0,30%4. Гранит Скопје 0,15%5. Р.Македонија – Денационализација 07 0,10%Хартии од вредност со најголем пад1. Доматти Свети Николе 30,53%2. Напредок Пехчево 18,70%3. РЖ Услуги Скопје 8,88%4. Жито Лукс Скопје 5,51%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,96%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

